Економија
Дурмиши: Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва одобрен во Собранието, Северна Македонија обезбеди 4.400.906 евра
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека по скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Овој Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија.
Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи во управувањето со државни компании, Република Северна Македонија има обврска до крајот на годината да го донесе Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со кој за државните компании се воведуваат нови правила за именување независни неизвршни членови во одбор на директори, односно независни членови во надзорeн одбор.
Доколку оваа мерка навремено биде реализирана, согласно Реформската агенда за Република Северна Македонија, предвидено e да повлече финансиски средства во износ од 4.400.906,47 евра.
Известувањето по Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва има за цел да воспостави посебни услови со кои се утврдува потребното работно искуство за избор и именување на независни неизвршни членови на одборот на директори, односно независните членови на надзорниот одбор во друштвото со одговорност и акционерскиот совет, во целосна и доминантна државна сопственост.
Со други зборови, за избор и именување на независен неизвршен член на одборот на директори, поточно независен член на надзорниот одбор, кандидатот мора да има најмалку четири години работно искуство, конкретно во областа на финансиското работење и правните прашања.
На овој начин, се очекува со Предлог-законот да се создаде соодветна правна рамка за прилагодување на критериумите за избор на независни неизвршни членови во одборот на директори и независни членови во надзорните одбори во акционерските друштва со доминантна државна сопственост, во насока на обезбедување на квалитетно управување и ефикасност, а со тоа да се придонесе за подигнување на стручноста и професионалноста во управувањето и надзорот на работењето и управувањето со овие компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

