Економија
Европската централна банка смета дека инфлацијата ќе биде многу повисока од очекуваното
Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми проекциите за инфлацијата во еврозоната.
ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата годинава ќе биде повеќе од двојно повисока од годинешниот таргет од два отсто и ќе остане над тоа ниво и в година, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, на прес-конференција.
За оваа година, Банката проценува дека во просек ќе изнесува 5,1 отсто, што е значително повеќе од проектираните 3,2 отсто на декемвриската седница. Во 2023 година би требало да падне на 2,1 отсто и да биде за 0,3-процентни поени повисока од прогнозата во декември.
За 2024 година, проектираната стапка на инфлација е зголемена 0,1-процентен поен, на 1,9 отсто.
„Руско-украинската војна значително ќе влијае на економската активност и инфлацијата преку повисоки цени на енергијата и стоките, нарушување на меѓународната трговија и послаба доверба“, предупреди Лагард.
Степенот на тоа влијание ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на сегашните санкции и можните дополнителни мерки, додаде таа.
Управниот совет на ЕЦБ, сепак, верува дека има сѐ поголеми шанси инфлацијата да се стабилизира на целта од два процента на среден рок.
Банката денеска ја намали прогнозата за растот на економијата на еврозоната оваа година за половина процентен поен, на 3,7 отсто. Прогнозата за в година е намалена 0,1-процентен поен, на 2,8 отсто, а за 2024 година е потврдена на 1,6 отсто.
Повторија дека на крајот на март ќе ја прекинат програмата за откуп на обврзници за пандемиската криза во вкупна вредност од 1,850 милијарда евра.
Тие исто така навестија дека би можеле да го забрзаат исклучувањето на редовната програма за купување обврзници (АПП), која ја формираа за да ја поддржат економијата и да ја поттикнат инфлацијата по должничката криза пред повеќе од една деценија.
Руската инвазија на Украина е пресвртница за Европа, рече шефицата на ЕЦБ, додавајќи дека Банката ќе обезбеди поволни услови за ликвидност и ќе ги спроведе санкциите договорени од Европската Унија и европските влади.
Повторија дека се подготвени да ги приспособат сите инструменти доколку е потребно за да се стабилизира инфлацијата на целното ниво од два отсто на среден рок.
Банката на денешната седница ги задржа каматните стапки на сегашното ниво вклучувајќи негативна каматна стапка на депозитите од минус 0,5 отсто и основна каматна стапка од нула отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

