Економија
ЕСМ: Изграден е нов бетонски канал кон хидроцентралата Врбен, на местото на стариот урнат во свлечиште
Воспоставен е протокот на водите низ новиот бетонскиот канал кон хидроелектраната Врбен, изграден по уривањето на стариот, предизвикано од лизгање земјиштето на тешко достапен терен кон крајот на септември; соопшти ЕСМ.
Од компанијата додаваат дека низ каналот веќе се пуштаат водите од трите најголеми зафати од доводот Горна Радика.
„ Завршени се и земјените работи околу поставување на цевките за пропусти од пристапните патишта до каналот, така што санацијата на хаваријата на доводот Горна Радика е успешна и истата е завршена пред планираниот рок од 30 дена. На интервенцијата и претходеа итна постапка со дозвола на Бирото за јавни набавки за избор на изведувач на работите, градежна фирма која по првичните подготовки веднаш почна да работи на терен.

Во зафатот за санирање на настанатото оштетување се изгради нов бетонски канал во должина од 29 метри. Градежните работи со тешка механизација се одвиваа на 1500м надморска висина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето. Хидроелектраната Врбен во текот на целиот изминат период беше функционална, но со намален капацитет за производство поради намалениот доток, но сега е вратена на претходната инсталирана моќ.

Водите кои се собираа по системот на подземни канали, но не можеа да стигнат до електраната, се испуштаа во реката Радика и потоа во акумулацијата Шпилје, каде се искористуваа во тамошната хидроелектрана“ се вели во сооштението на ЕСМ.
Инаку, лизгањето на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во `50-те години на минатиот век, при пробивањето на тунелите и при градењето на мрежата за собирање на водите од планинскиот масив на Кораб и Горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово, од кои првата е пуштена во употреба во 1957г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

