Економија
„Еуроимпекс“ со промотивна цена за сет ребрест ремен, водна пумпа и работна рака
Ребрестиот ремен е витален за функционирање на моторот и диригира со неговата работа. Овој систем е постојано изложен на низа напрегања и затоа неговата беспрекорна состојба е особено важна.
Сервисниот план строго ги пропишува интервалите на негово сервисирање и тука не би требало да постои компромис. Секое негово непочитување може да доведе до трајни оштетувања на моторот.
Токму затоа Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да го проверат својот сервисен план и сервисната книша на своето возило за да може бегрижноста да продолжи.
Ова е одлична можност за сите Peugeot сопственици, да добијат промотивна цена за сет ребрест ремен, водна пумпа и работна рака за таа операција.
Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 15.6.2020 година.
Придобивка за клиентите се секако 2те сервисни локации во Скопје на Импортерот Еуроимпекс и уште 5те сервисни локации распространети во нашата земја.
Еуроимпекс и дилерската мрежа ја поставуваат безбедноста на своите клиенти на највисоко ниво и одговорно се придржуваат и ги имплементираат најновите насоки, препораки и совети дадени од Светската здравствена организација и Владата на Република Северна Македонија.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто во однос на одлуката од 17 јануари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за 1,791%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,516% и кај мазутот зголемувањето е за 0,921%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0771%.
Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,673 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 ден/кг и сега ќе изнесува 46,673 ден/кг.
Регулаторна напоменува дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
УЈП со потсетување до даночните обврзници: рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите е до 27 јануари
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави, дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 % од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ-04 пријави, кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП.
Апелираат граѓани да бидат одговорни даночни обврзници и да ги достават сите потребни документи до сметководителите со цел навремено и точно да се обработат нивните ДДВ-04 пријави за овој даночен период.
Економија
Нови 200 милиони евра задолжувања – власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ.
„Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.
Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.
Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.
Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови. Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост“, се наведува во соопштението на СДСМ.