Економија
ЕУ во вториот квартал бележи рекорден пад на БДП, најголем во последните 25 години

Во Европската Унија и еврозоната, во второто тримесечје на 2020 година економските активности доживеале најголем пад на квартално и годишно ниво уште од 1995 година, односно од почетокот на објавувањето на податоците за БДП, покажуваат првите проценки на „Евростат“.
Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) во ЕУ во вториот квартал, кој сè уште е обележан со мерки за борба против пандемијата на Ковид-19 во повеќето земји членки, паднал за 11,9 проценти во однос на претходното тримесечје, што претставува најголем пад од почетокот на објавувањето на овие податоци во 1995 година, покажаа првичните проценки од страна на Европскиот завод за статистика.
Во еврозоната, сезонскиот прилагоден БДП во истиот период паднал за 12,1 процент.
За споредба, во првиот квартал годинава, кварталниот пад беше 3,2 проценти на ниво на ЕУ и 3,6 проценти во еврозоната.
Меѓу државите членки за кои се достапни податоците за вториот квартал на 2020 година, Шпанија има најголем пад на квартално ниво, 18,5 проценти. По неа следи Португалија, со пад на БДП од 14,1 процент и Франција, со пад од 13,8 проценти.
Германската економија, најголема во еврозоната, паднала за 10,1 процент во вториот квартал во споредба со претходниот.
Италија, пак, забележала пад на нејзиниот БДП за 12,4 проценти во однос на првите три месеци.
Најмал пад кај земјите чиишто податоци се на располагање има во Литванија, од 5,1 процент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски потпиша договор за грант средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Објавен јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство

Денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барање за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година.
Поддршката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, со цел зачувување на руралните подрачја и промовирање на одржливо земјоделство.
Право на поддршка имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Висина на поддршката:
• 100% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;
• 60% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.
Услови за доделување:
• 1 вработено лице на 150 овци;
• 1 вработено лице на 100 кози;
• 1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Задржување на истиот број вработени најмалку една година по исплатата.
Барањата со потребната документација потребно е да се поднесат најдоцна до 30.07.2025 година.