Економија
Заев: Започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години
Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска го означија старот на изградбата на браната ХС Конско.
Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години.
„Изградбата на Хидросистемот „Конско“, за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за нашето убаво Дојранско езеро“, рече Заев.
Премиерот додаде дека Владата стои цврсто на определбата за реализација на крупни капитални инвестции кои ќе донесат одржлив и долгорочен бенефит за граѓаните и за развојот на економијата.
„Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години кој ќе се гради со обезбедени средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и што е најважно оваа вештачка акумулација ќе има мултифункционална улога“, нагласи Заев.
Клучната агротехничка функција на ХС „Конско“ ќе биде обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини со што ќе се создадат неопхопдните услови за развој на конкурентно земјоделство, зголемување на производството на храна и на регионалниот економски развој. Освен за наводнување, водите од акумулацијата “Конско” и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија. Дополнително, ова вештачко езеро ќе претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија и ќе создаде услови за развој на риболовот, туризмот, спортот и рекреацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

