Економија
Заев и министрите од економските ресори на состанок со германски стопанственици
Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, амбасодарката на Сојузна Република Германија во земјата, Анка Холштајн, како и Михаел Хармс, директор на Комитетот на источна Европа на германското стопанство, со воведни обраќања го отвори онлајн-состанокот со делегацијата од над 20 германски стопанственици од повеќе сектори, кои покажаа интерес за инвестиции во земјата.
Во фокус на состанокот беа теми поврзани со инвестиции во областите на дигитализација, енергетска ефикасност, третман на отпадни води, градење општинска инфраструктурата, како и зајакнување на здравствените системи, кои ќе креираат понатамошен економски раст.

Премиерот Заев истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. Сојузна Република Германија е најважен трговски партнер на Северна Македонија од осамостојувањето до денес. Премиерот нагласи дека повеќето од германските инвеститори работат со голем успех во нашата земја и Германија е најголемиот надворешно-трговски партнер, со вкупна трговска размена во периодот јануари-септември 2020 година од 2,4 милијарди евра.
Вицепремиерот Битиќи дополни дека Владата е посветена на креирање предвидлива бизнис-клима за инвеститорите во земјата. За таа цел е почнат процес на долгорочен стратешки национален развоен план и централна единица за следење на ефективноста и ефикасноста на економските политики, борба со сивата економија и елиминација на корупцијата на сите нивоа.

На состанокот со германските стопанствениците дискутираа и министерот за здравство, Венко Филипче, за економија, Крешник Бектеши, за транспорт и врски, Благоја Бочварски, како и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, и тоа за спецификите и можностите за инвестирање во соодветните области.
Во таа насока и на годишниот самит на Берлинскиот процес што се одржа во Софија, а копретседаваше Бугарија, Северна Македонија се приклучи на потпишување две важни политички декларации што ќе го забрзаат идниот економски раст. Првиот е имплементација на заеднички регионален пазар меѓу шесте земји од Западен Балкан, а втората е за спроведување на зелената агенда за Западен Балкан, подготвена од Европската комисија. И двата процеса ќе доведат до понатамошно зајакнување на регионалните економска интеграција, што дополнително ќе го забрза економскиот раст на Северна Македонија.
Заедно со економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан, со што се издвојуваат до 9 милијарди евра за целиот регион во следните неколку години, тие регионални иницијативи создаваат солидна основа за идните перспективи на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

