Економија
Заев: Намалувањето на ДДВ за парното греење на 5 отсто ќе има позитивен финансиски ефект кај граѓаните
Премиерот Зоран Заев инфофмира дека е донесена одлука да се намали данокот за додадена вредност за испорака на топлинска енергија од 18 на 5 отсто. Како што рече премиерот, тоа значи дека секое семејство приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка приближно за 220 денари месечно, што е годишна заштеда речиси над 2.600 денари.
„И добро знаеме дека тоа не е единствената придобивка. Системот на парно греење нуди и најголема енергетска ефикасност, односно има најмала емисија на јаглероден диоксид“, истакна Заев.
Оваа мерка, како што рече тој, има други ефекти од интерес за граѓаните.
„Ќе ги мотивира граѓаните да не се исклучуваат од системот на централно парно греење и ќе биде мотивација повторно да се вклучат околу 14.000 семејства, кои од системот на централното парно греење се исклучени од 2012 година досега. Во исто време очекуваме да се приклучат нови 10.000 домаќинства“, додаде Заев.
Од почетокот на новата грејна сезона, со намалувањето на ДДВ за испорака на топлинска енергија од 18 на 5 отсто, како што рече заменик-министерот за животна средина и просторна планирање, Јани Макрадули, се исполнува уште едно ветување што е пресметано во планот за чист воздух.
„Оваа мерка оди во правец на директивите што постојат во Европската комисија од 2006 година бидејќи централните топловодни системи во земјите на ЕУ и САД се една од најдобрите алатки за справување со аерозагадувањето“, истакна Макрадули.
Од Регулаторната комисија за енергетика, пак, уште еднаш потсетија дека од неодамна е укинат паушалот за граѓаните што се исклучени од системот на централното парно греење.
„Ние се приклучивме на оваа иницијатива за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за потрошувачите што се приклучени на топлинска енергија, како и за сите други потрошувачи што се приклучени на дистрибутивните системи за природен гас. Понатаму, во однос на приклучените потрошувачи за топлинска енергија, во текот на јули ќе донесеме нов тарифен систем за продажба на топлинска енергија, кој ќе биде многу поедноставен од сегашниот. Кусо кажано, трошокот за ангажирана моќност повеќе како таков нема да постои“, образложи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!
Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.
Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.
Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
(ПР текст)
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.