Економија
Заев: Отвораме можности за сигурна енергетска иднина, со напуштење на загадувачките и прифаќање на чисти технологии
Премиерот Зоран Заев и в.д амбасадорката на Амбасадата на САД, Микаела Швајцер Блум, со свои воведни обраќања го отворија Македонскиот енергетски форум 2019 „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“.
Амбасадорката Блум во своето обраќање изрази силна поддршка од САД за развојот на енергетскиот сектор во нашата земја, а Заев истакна дека форумот е од големо значење за енергетската политика на државата.
„Посебно радува фактот што на вака исклучително важни теми од областа на енергетиката, како што се гасификацијата, енергетска транзиција кон обновливите извори на енергија, светски трендови во енергетиката, енергетска ефикасност и енергетската политика на Република Северна Македонија на едно место два дена ќе дебатираат врвни експерти од енергетскиот сектор, практичари – деловни луѓе и претставници на извршната власт“, посочи премиерот.
Тој во обраќањето нагласи дека земјата е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор.
„Новиот Закон за енергетика беше изработен со поддршка на Секретаријатот на Енергетската заедница и беше донесен од Собранието во мај 2018 година за што сме благодарни на Енергетската заедница. Во овој Закон за енергетика се имплементираат одредбите и обврските што произлегуваат од Третиот енергетски пакет на ЕУ и Директивата за обновливи извори на енергија. Напредокот од земја последна во регионот – во земја со исклучителен напредок е нотирано во Извештајот на Енергетската заедница“, рече Заев.
Посочи и дека ефикасната транзиција на земјата кон конкурентна економија ќе се забрза со реализација на диверзификација во снабдувањето, со зголемување на конкуренцијата на енергетските пазари и со зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија.
„Во таа насока од особено значење е и обезбедувањето сигурност и континуитет во снабдувањето со енергија на домаќинствата и компаниите во Република Северна Македонија, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на општата состојба на животната средина. Со сите овие планирани активности отвораме можности за сигурна енергетска иднина и значително подобрување на енергетската сигурност во државата на начин што оди во прилог на глобалните енергетски трендови, а тоа е напуштањето на загадувачките технологии и транзиција кон чистите технологии за производство на енергија. Поголемата достапност на гасот очекуваме да мотивира нови инвестиции во нови гасни централи за што нашата земја е доста податлива со можност за искористување на вториот продукт, а тоа е топлинската енергија“, кажа премиерот додавајќи дека Македонскиот енергетски форум е уште една одлична можност за поврзување и зголемување на соработката со соседните земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

