Економија
Заедно можеме повеќе

Црвениот крст на РСМ – Црвениот крст на Град Скопје, заедно со сите поединци и општествено одговорни субјекти (компании), што ги поттикнува да се вклучат и да го поддржат процесот на донирање половна облека, се стреми да придонесе за создавање општество на одговорни граѓани со добри навики, каде што секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее.
Преку процесот на донација на облека, како и преку работењето на социјалното претпријатие „Копче“, Црвениот крст поттикнува модел на одржливо живеење, односно поттикнува да се донира и да се купува облека која е веќе создадена и употребена, но која сè уште може да се користи.
Со тоа не само што помагаме некому кому му е потребна помош туку и влијаеме за намалување на исцрпувањето на природните ресурси што се користат при производство на нова облека, како и за намалување на отпадот што се создава од неупотребата на облеката.
Како пример за општествено одговорна компанија, „Алкалоид“ АД Скопје, во партнерство со Црвениот крст, иницира и даде поддршка во работењето на социјалното претпријатие „Копче“, а со тоа и поддршка за ранливите категории граѓани, преку хуманитарна собирна акција за донирање облека.
Во периодот од 19 до 30 септември годинава во просториите на компанијата се одржа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 кг облека.
Со личен пример кон акцијата, во која учествуваа повеќе од 2.000 вработени во компанијата, се приклучија и генералниот директор Живко Мукаетов и менаџментот на компанијата.
Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова е втора масовна акција што ја спроведува „Алкалоид“ АД Скопје годинава во соработка со Црвениот крст. Првата се одржа во текот на јуни годинава по повод Светскиот ден на крводарителството, кој во „Алкалоид“ се одбележа со масовна крводарителска акција за која беа пријавени околу 140 крводарители од компанијата во еден ден.
Ваквите заеднички иницијативи имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната одговорност кон општеството помагајќи им на ранливите категории граѓани.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Економија
Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори на компанијата ЕНЕРГО СОЛАР СИСТЕМИ.
Станува збор за два батериски системи со вкупна инсталирана моќност од 2 600 kW, што се инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.
„Издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање на електрична енергија, всушност го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката. Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање на одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на “сториџи“, но исто така очекуваме интерес да појават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Истите можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето на енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува дека ќе влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот.“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Условите, постапката и потребната документација за добивање на лиценца за складирање на електрична енергија се уредена во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, .
Економија
Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.
Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.
Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.
Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.
Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, велат од Министерството за финансии.