Економија
Започнува реализацијата на проектот за развој на земјоделски задруги
Од денеска започнува имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“, финансиран од Инструментот за претпристапната помош – ИПА на Европската Унија.
Проектот се спроведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а негови партнери се CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија. Проектот со вредност од 1,98 милион евра започна во декември 2017 година и ќе трае до февруари 2021 година.
„Основната цел на овој проект е да се зголеми конкурентноста на пазарот, како и соработката меѓу земјоделците во Република Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги. Искуствата покажуваат дека земјоделците здружени во задруги со големи обработливи површини гарантираат усогласен квалитет на пазарот, примена на современи технологии, добра земјоделска пракса, но и поголема конкурентност и подобар пласман на македонските земјоделски и прехранбени производи на странските пазари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Притоа министерот посочи дека Владата и Министерството прават огромни напори да го поттикнат и поддржат развојот на земјоделските задруги, а во годинашната програма за рурален развој за мерката економско здружување земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност, односно за земјоделски задруги се планирани речиси 80,3 милиони денари.
Константинос Соупилас од Делегацијата на Европската Унија, посочи дека земјоделските задруги имаат витално значење во вкупното земјоделско производство.
„Во Европската Унија земјоделските задруги претставуваат важен елемент. Во Европа има 51.000 земјоделски задруги, од кои 20.000 се во Европската Унија и имаат годишен обрт од 50 милијарди евра. Овој проект ќе има важна улога во развојот на задругарството во Република Македонија“, изјави Соупилас.
Со проектот се планирани низа активности, како длабинска анализа на правната рамка и политиките за земјоделски задруги, формулирање предлог-измени проследени со јавна расправа, формирање работна група и дебата за можни решенија, поддршка за воспоставување систем за следење на земјоделските задруги, зајакнати капацитети на чадор-организација на земјоделските задруги, која ќе добие техничка и финансиска поддршка. Исто така, ќе се работи на зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите со спроведување кампања за подигнување на јавната свест за придобивките од задругите и инфо-сесии со локалните заедници.
Во регистарот на земјоделските задруги досега се запишани 39, од кои 7 се од голем обем, со најмалку 20 члена, а преостанатите 32 земјоделски задруги се од мал обем, со најмалку 10-19 члена.
Целна група на проектот се 30 постојни земјоделски задруги и 30 групи земјоделци што сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни информативни сесии и обуки за развој на бизнис-планови, од кои 20 ќе добијат грантови за проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

