Економија
Зајакнато партнерството меѓу Постојаната канцеларија за координација на Обединетите нации и Народната банка
Целта на првата средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, беше да се зголеми меѓусебното разбирање за синергијата помеѓу улогите на Народната банка и тимот на Обединетите нации задолжен за земјата, во унапредувањето на одржливиот развој во нашата економија.
Постојаната координаторка на Обединетите нации се осврна на напредокот на Реформата на системот за развој на ОН, што на ниво на земја, ги поедноставува процесите, ја зголемува транспарентноста и ја подобрува колективната испорака на субјектите на ОН.
Таа исто така информира за почетокот на Рамката за соработка меѓу ОН и Северна Македонија за периодот 2021-2025 и ги претстави значајните достигнувања на тимот на Обединетите нации задолжен за нашата земја во поддршката на развојната агенда на земјата, вклучително и во контекст на пандемијата на Ковид-19. Дуџак беше особено заинтересирана за ставовите на гувернерката за економските перспективи на земјата и во контекст на улогата на Народната банка, за можностите за обезбедувањето поширок сет податоци и за улогата на приватниот сектор во финансирањето на развојот. Таа истакна дека Народната банка е една од институциите што придонесуваат за сигурен и квалитетен статистички систем, којшто е предуслов за водење релевантни политики.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира најновите макроекономски проекции на Народната банка и истакна дека Банката постојано ги приспособува сопствените стратегиски цели кон развојните цели. Во овој контекст, неодамна, Народната банка ги вклучи и целите за следење и управување со ризиците од климатските промени, фокусирајќи се на анализата на влијанието на ризиците коишто произлегуваат од климатските промени врз банкарскиот систем и на улогата на банкарскиот систем во поддршката на одржливиот развој, којшто меѓу другото се заснова и врз „зелена економија“. Со помош на овие активности, Народната банка ќе даде придонес во создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за нејзините граѓани.
Постојаната координаторка на ОН на состанокот информира за техничката поддршка што ОН ѝ ја дава на земјата во развојот на сопствена и консултативна методологија за формулирање на Националната развојна стратегија за периодот 2021-2041. Таа изрази надеж дека Народната банка ќе биде активно вклучена во формулирањето на Стратегијата, кога ќе почне консултативниот процес.
Постојаната координаторка на Обединетите нации и гувернерката на Народната банка изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката, заради унапредување на одржливиот развој на земјата и напредок во однос на Агендата 2030.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

