Економија
Здравковски: Поставувањето на функции нестручни луѓе резултира со директен удар врз џебот на граѓаните
Неспособноста на СДСМ со забрзано темпо го зема цехот и удира силно по џебот на граѓаните. Неодговорноста, криминалот и лошото менаџирање од страна на СДСМ, денес добија уште една потврда, истакна Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата предводена од СДСМ и ДУИ денес побара од Собранието да изгласа продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Наместо да решава проблеми на граѓаните, криминогениот карактер на оваа тендерско-владејачка коалиција постојано ги создава и креира, а последиците ги трпат сите граѓани на Република Македонија“, додаде тој.
До овој хаос во снабдувањето со топлинска енергија, смета Здравковски, немаше да дојде доколку арогантноста на СДСМ не беше посилна од грижата за граѓаните и одговорното работење. Подолг период алармираме дека до ова ќе дојде токму поради неспособноста на оваа власт. За жал, во 21 век кога треба да се движиме напред, ние со оваа власт се враќаме назад и тонеме сѐ повеќе и повеќе, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, постојат повеќе фактори што доведоа до оваа, како што ја нарече, безизлезна ситуација во која нѐ втурна СДСМ.
„Ненавремената реакција за купување и снабдување со резерви на гас, бидејќи Владата си тераше изборни кампањи и нѐ убедуваше дека сѐ е под контрола, доведоа до тоа оваа Влада да биде принудена да купува гас по енормно високи цени. Колку за илустрација, Македонија има цена од 1.350 долари за кубен метар гас, а за истото тоа Србија плаќа цена од 350 долари. Страшната разлика во цената е евидентна и ја плаќаме сите ние од својот џеб. Нагласувам, Македонија има убедливо највисоки цени на гасот во регионот и за тоа не е виновен никој друг, освен оваа власт предводена од СДСМ“, нагласи Здравковски.
„Уште една причина поради која скопјани половина зима немаа парно и добија повисоки сметки е партизирањето и удомувањето на партиските кадри и послушници на Заев и Ковачевски во ЕЛЕМ, во одборот на директори на ГА-МА, во разни регулаторни тела, како и во уште многу други институции кои директно се одговорни за оваа состојба со недостиг на гас. Удомувањето и поставувањето на функции некадарни и нестручни луѓе, само поради тоа што доаѓаат од партијата на власт, резултира со директен удар врз џебот на граѓаните“, додаде тој.
Информира дека со продолжувањето на кризната состојба, индустриските потрошувачи, претпријатијата и јавните институции за февруари ќе плаќаат двојно поскапи сметки во однос на јануарските. За нив, рече Здравковски, со ова продолжување, цената ќе се зголеми дури 100 отсто. Смета дека ова се страшни податоци и ценовни шокови што ќе придонесат за уште поголемо незадоволство кај граѓаните, како и за затворање фирми и компании не можејќи да ги издржат овие поскапувања.
„СДСМ така функционирал отсекогаш, така функционира и сега. СДСМ веќе не е партија, туку е биро за вработување, кое има цел лично богатење на сметка на граѓаните“, рече Здравковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

