Економија
Земјава и регионот набргу ќе почнат да се снабдуваат со течен природен гас од САД
Во организација на Владата, АД „Електрани“, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот се одржува вториот по ред Македонски енергетски форум 2019 на тема „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“, на кој врвни експерти, претставници на компании и од извршната власт дебатираат за важни теми од областа на енергетиката.
На третата панел-дискусија од првиот ден на Македонскиот енергетски форум се зборуваше на тема „Регионални предизвици во снабдувањето со гас“, на која свои обраќања имаа Цеси Скот, виш советник на „Агора енергиевенде“ од Берлин, Ростислав Палагусинец од Амбасадата на Украина во земјата, Ден Милстејн, директор на европската регионална канцеларија во одделот за енергетика, Министерството за енергетика од САД, Бранко Миличевиќ, експерт за економски прашања, група експерти за гас, УНЕЦЕ, Барнум Пиечоровски, раководител на одделот за развој на бизнисот во Балканскиот Регион, УНИПЕР и Сотирос Никас, виш советник на DESFA од Грција.
Претставникот на Амбасадата на Украина во земјата, Палагусинец, зборуваше за предизивиците со кои се соочувала Украина во намалување на енергетската зависност од снабдувањето на гас од Русија.
„Дебата се спроведува и во Министерството на САД за диверзификација на снабдувањето со енергенси во регионот. Расте побарувачаката за електрична енергија во земјата и регионот, особено во зимскиот регион. Доколку има дистрибитувни мрежи за гас во другите градови во Северна Македонија, тогаш граѓаните ќе го користат и ќе има економско оправдување. Безбедноста и стабилноста во снабдувањето со енергија се важни и мора да има диверзификација во снабдувањето“, рече Милстејн. Директорот Милстејн додаде дека се очекува за Северна Македонија и регионот во наредниот период да се воспостави снабдување со ЛНГ-природен гас од САД.
На панелот се дискутира за можностите и економските бенефити од снабдувањето со гас како поевтин енергент, за ЛНГ-течниот природен гас, како и за важноста од изградба на гасна инфраструктура. Беше нагласено дека е неопходно да се овозможи енергетска независност во снабдувањето со гас за да се обезбеди конкурентност на цената, а со тоа да се заштити пазарот и да се избегнат ризиците од политички влијанија.
Советникот на премиерот Заев за енергетика, Митко Андреевски, рече дека по постигнувањето на ореспанскиот договор, се отворија можности да се забрза проектот за изградба на интерконекоторот помеѓу Република Северна Македонија и Грција, што ќе овозможи диверизификација во снабдувањето со гас за нашата земја.
„Се надевам дека третата точка ќе биде за поврзување со Северна Македонија. Двете страни работат на тоа. До сега имаме поднесено студии за одобрување и студии за животната средина. Активностите за градба треба да почнат во јуни 2021. Техничките детали се утврдени. Финансирањето на проектот ќе биде 37 отсто од ЕУ-фондови, а во Северна Македонија имате обезбедено 95 отсто од финансииите за проектот. Единственото отворено прашање е тестирањето на пазарот“, рече Сотирос Никас, виш советник на DESFA од Грција, и сподели искуства од Грција за начинот на организација на енергетскиот пазар во Грција.
Барнум Пиечоровски, раководител на одделот за развој на бизнисот во Балканскиот Регион во компанијата УНИПЕР, која е дел од Е – ОН, рече дека Северна Македонија и регионот ќе имаат можност да се снабдуваат и од ТАП-гасоводот во кој тие се дел од сопственичката структура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

