Економија
„Златен Волан“ за Porsche, Audi, Škoda и Cupra! Ова се најдобрите автомобили за 2021 година
Објавени се добитниците на најпосакуваната европска автомобилска награда! Читателите и новинарите од AUTO BILD и BILD am SONNTAG ги избраа најдобрите автомобили за оваа година. Вкупно дванаесет награди „Златен Волан“ беа доделени во повеќе категории во кои моделите од групацијата на Volkswagen ги освоија главните награди: Мал и Компактен автомобил, Мал и Компактен Електричен автомобил, SUV, Електричен SUV и Средна и Висока класа.

Доделувањето на наградите се одржа на гала вечер со високи претставници и познати личности од автомобилската индустрија, медиумите и политиката во куќата на Аксел Спрингер во Берлин.

Добитници на Златен волан 2021 година:
➤ Мал и Компактен автомобил: Cupra Leon
➤ Мал и Компактен Електричен автомобил: Cupra Born
➤ Средна и Висока класа: Porsche Panamera
➤ SUV: Cupra Formentor
➤ Електричен SUV: Škoda Enyaq iV
➤ Најубав автомобил: Audi e-tron GT

Во осумте класи на возила, победниците беа одредени во три фази: Во фаза 1, редакцијата однапред ги избра кандидатите достапни за избор. Читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG потоа ги избраа своите најдобри 3 фаворити во осумте класи на возила во втората фаза.

Interior
Трите модели со најмногу гласови во секоја од осумте класи се квалификуваа за финалето на DEKRA Lausitzring на почетокот на октомври.

На тест патека, жирито од експерти – составено од докажани авто експерти (главни уредници, дизајнери на автомобили, познати личности кои сакаат автомобили, техничари, експерти и тркачки возачи) – ги испитаа сите кандидати според критериуми засновани на шемата за тестирање AUTO BILD.

Покрај златната награда во осумте класи на возила, се додели и „Златен Волан“ за најубав автомобил, чиј избор е 100% на читателите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

