Економија
Измените на Законот за игрите на среќа ќе ја збришат индустријата – без работа остануваат повеќе од 8.000 луѓе
Предлог-измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата.
Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности – наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други.
Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ.
Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата.
Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

