Економија
Изминатото деноноќие произведени 16.340 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 14.12.2022 година произведе 16.340 MWh електрична енергија, со што од домашно производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во термоелектраните произведени се 11.576 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк во Богданци произведени се 4.764 MWh.
Во изминатото деноноќие преку „ЕСМ продажба“ набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.
* Податоците се преземени од диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 14.12.2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонија доби зелено светло од Енергетската заедница за новиот Закон

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изрази благодарност за официјалната поддршка од Секретаријатот на Енергетската заедница по повод усвојувањето на новиот Закон за енергетика во Собранието на Република Македонија. Од Министерството порачуваат дека оваа поддршка е јасен сигнал за европската ориентација на државата и нејзината заложба за усогласување со европските енергетски стандарди.
„Поддршката од нашите европски партнери е признание за квалитетот на новата правна рамка. Овој закон претставува стратешки чекор кон поголема енергетска интеграција, сигурност и одржливост за нашите граѓани и компании“, соопшти Министерството за енергетика.
Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, ја поздрави одлуката на Собранието, нарекувајќи го новиот закон „значајна пресвртница“ за интеграцијата на земјата во европскиот енергетски пазар.
„Усвојувањето на овој закон ја потврдува силната заложба на Македонија за европска енергетска интеграција. Новата рамка овозможува поврзување со европските ден однапред и интрадеј пазари, што е клучно за развојот на електроенергетскиот сектор“, истакна Лорковски.
Од Министерството нагласуваат дека законот е резултат на инклузивен процес со вклученост на експерти, регулатори, енергетски компании, граѓански организации и академската заедница.
„Работевме транспарентно и заеднички со сите засегнати страни. Законот не само што ги следи директивите на ЕУ, туку ги вградува и реалните потреби и предизвици на македонскиот енергетски сектор“, додаваат од Министерството.
Во наредниот период, Министерството ќе продолжи со тесна соработка со Енергетската заедница за да се обезбеди целосна имплементација и редовна верификација на усогласеноста на законските одредби.
„Нашата крајна цел е целосно учество на Македонија во европскиот енергетски пазар, со конкретни економски придобивки, енергетска стабилност и позелена иднина за сите“, се наведува во соопштението.
Економија
Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон.
„Овој договор претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД. Тоа е потврда дека нашата држава оди напред – кон стабилност, безбедност, развој и европска иднина“, изјави Мицкоски.
Според премиерот, британските инвестиции ќе опфатат изградба на брза патничка и модерна карго железница од Табановце до Гевгелија, нови болници во Штип и Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, студентски дом со 900 легла и нов Медицински факултет.
Деталите за финансиските услови на договорот сè уште се финализираат, но Мицкоски увери дека се „најдобрите што може да се добијат на пазарот“. Како што додаде, наскоро ќе бидат јавно објавени и конкретните параметри на договорот, кој вклучува грејс период, долг рок на отплата и поволен каматен индекс базиран на Еурориборт.
Амбасадорот Лосон го оцени договорот како врв во билатералните односи меѓу двете земји.
„Ние сме веќе големи инвеститори и сега тоа го надградуваме преку договор кој се фокусира на трговија и инвестиции. Сакаме да создадеме економски раст од кој ќе имаат корист и британските и македонските граѓани“, рече Лосон.
Договорот, кој е резултат на повеќемесечни интензивни преговори, се очекува да отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, дигиталната трансформација, образованието и климатските политики. Освен економската и инфраструктурната компонента, тој предвидува и засилен политички дијалог и координација во рамките на НАТО и други меѓународни организации.
Економија
Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…
Тој најави дека во текот на следните денови ќе бидат објавени сите детали.
„За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму.
Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали“, рече Мицкоски.
Премиерот денеска најави дека е постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој појасни дека ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.