Економија
Илон Маск смета дека сите треба да работат најмалку 80 часа неделно
Контоверзниот претприемач Илон Маск ги изненади корисниците на „Твитер“ со неговата идеја дека доколку навистина сакаат да го променат светот, луѓето треба да работат по 80 часа неделно, јавува „Бизнис инсајдер“.
Зборувајќи за компаниите што ги има основано, „Тесла“, „Спејс екс“, „Боринг компани“ и „Неуралинк“, Маск напоменува: „Знам дека е полесно да се работи на некои други места, но никој никогаш не го променил светот работејќи 40 часа неделно“.
There are way easier places to work, but nobody ever changed the world on 40 hours a week
— Elon Musk (@elonmusk) November 26, 2018
But if you love what you do, it (mostly) doesn’t feel like work
— Elon Musk (@elonmusk) November 27, 2018
Кога на „Твитер“ го прашале колку работни часа неделно се потребни за да се направи тоа, Маск одговорил: „Зависи од личност до личност, но сметам дека доволно би биле 80 часа. Понекогаш и 100. Чувството на тежината на работата експоненцијално се зголемува по 80 часа работа неделно“.
Илон Маск месецов за технолошкиот портал „Рикоуд“ опиша дека работи околу 120 часа неделно, а вработените во „Тесла“ годинава знаеле, доколку е потребно, да извлечат и 100 работни часа во текот на неделата, во периодот пред промоцијата на новиот автомобил „модел 3“. Додаде дека фирма како „Тесла“ не би преживеала на пазарот дококу не работи толку напорно.
Дел од вработените во компанијата „Тесла“ изјавиле за „Бизнис инсајдер“ дека навистина работат премногу, додека, пак, некои кажале дека повеќе им одговара на работа да се 70 или повеќе часови неделно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

