Економија
Имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати, вели Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека цената на нафтата и нафтените деривати ја определува РКЕ, која е независна Комисија за енергетика и која цената ја определува врз основа на пропишана методологија.
„Во однос на цената на нафтата и нафтените деривати, ние сме сведоци дека, поради одлуките што ги донесовме во однос на скалестото намалувањето на акцизата и намалувањето на ДДВ, во регионот имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати, каде и да отидете, нема да најдете поевтина цена и тоа се должи на брзата и навремена одлука што беше донесена, односно мерките и препораките донесени од страна на Владата и ефикасноста на парламентот во донесувањето на законските решенија“, рече премиерот Ковачевски.
Премиерот истакна дека некои од компаниите што работат на пазарот со нафта и нафтени деривати покажаа шпекулативно однесување, а тоа веднаш беше санкционирано од страна на соодветните инспекциски служби.
„Цените на енергентите и цените на храната не се зголемени поради Република Северна Македонија, тие се зголемени поради војната во Украина и поради зголемувањето на цените на светските берзи, она што ние го правиме е навремено да донесеме мерки со кои ќе заштитиме граѓаните да не се соочат со ценовни шокови“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање.
Премиерот Ковачевски додаде дека тоа е направено во однос на електричната енергија, која е со најмала цена во регионот и пошироко, што се должи на одлуките на Владата за субвенционирање на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, со што некаде околу 80 % од цената на електрична енергија е субвенционирана од државата.
Ковачевски потенцира дека антикризните мерки се таргетирани кон најранлвите категории граѓани како најпогодени од кризата, како, на пример, со тримесечна финансиска поддршка од 1.000 денари за 35.000 пензионери, како и 1.000 денари енергетска субвенција за плаќање енергенти и на огрев во текот на целата година.
„Минималната плата е покачена повеќе од инфлацијата. Да се потсетиме дека пред пет години беше 9.000 денари, сега е 18.000 денари и таа е покачена 100 %. Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка, сега се потребни две минимални плати за покривање една потрошувачка кошничка. Тоа се факти што можеме да ги коментираме, меѓутоа не можеме да најдеме аргумент против нив. Ова е придобивка на една социјалдемократска Влада, која навистина се грижи за примањата на оние што многу придонесуваат во општеството, но и за најранливите категории“, рече премиерот Ковачевски.
Во однос на пензионерите, Ковачевски нагласи дека преку дијалог е постигната методологија за историско зголемување на пензиите и оваа година секој пензионер на ниво на просечна пензија ќе има 200 евра повеќе приход во однос на минатата година.
Сеопфатните мерки го вклучија и решавањето на парното греење во градот Скопје, каде што првин се направи преземање на управувањето на БЕГ со цел да не дојде до прекин на снабдување со Скопје, што би предизвикало и големи проблеми во електроенергетската мрежа во одредени делови на градот.
„Со трансфери од Владата за обезбедување енергенти за производство на топлинска енергија се субвенционира во најголем износ и цената на парното греење и со ова покажавме дека најпрвин сите граѓани од најранливите категории се директно помогнати од државата и сите граѓани се заштитени од ценовен шок, кој можеше да се случи“, потенцира претседателот на Владата, Ковачевски, и додаде дека во делот на храната како прва мерка беше замрзнување на цените, а во втората фаза беа ограничени маржите во малопродажбата и во големопродажбата, што овозможи да има контрола на цените на основните прехранбени продукти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

