Економија
Инстант лоз „7 х 7“ донесе „HYUNDAI BAYON“ како роденденски подарок за Сања од Пробиштип

Државна лотарија ја привршува 2023 година како што и ја започна −бериќетно, со многу среќни приказни и насмеани добитници, со радост, возбуда и пријатни изненадувања.
Сања Симоновска од Пробиштип, среќата ја чекала во Делчево. Таа си доби роденденски, а воедно и новогодишен подарок, една од главните премии на инстант лозот 7х7, автомобил Hyundai Bayon. На 21 декември, на денот на нејзиниот роденден, се сретнавме со среќната добитничка пред салонот на „Гранд Ауто“ во Скопје, каде што Марјана ги предаде клучевите од автомобилот, а Сања ни раскажа колку е среќна за добивката.
Имено, при прошетка низ Делчево, Сања купила два инстант лоза „Фрути“ и само еден лоз „7х7“ од продажното место „Телхо Дел“ кои ги изгребала дома заедно со нејзината мајка и ќерка си. Кога ги забележале трите симболи на Hyundai Bayon, најпрво следеле „шок и неверување“, потоа на радоста ѝ немало крај. Како што ни кажа среќната добитничка, поубав роденденски подарок не можела ни да сонува.
Го завршивме разговорот со порака до играчите, да бидат упорни и истрајни во потрагата по среќата, затоа што среќата е насекаде.
Со желби за среќни празници ја испративме Сања со новото возило во Пробиштип.
Дозволете да Ве потсетиме, во најубавиот период од годината подарете на Вашите сакани инстант лозови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.