Економија
Интервентна мерка од 3 денари за килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација пченица и јачмен
Интервентната програма, која од минатата година првпат беше воведена, даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство, извести МЗШВ.
По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од интервентната програма за 2023 година.
Дополнителна поддршка од 3 денари за килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација пченица и јачмен е втората нова мерка во интервентната програма за 2023 година.
Како корисници кај оваа мерка се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат поднесено барање по подмерката 1.15. – „Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури“ од програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2023 година. Запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал во 2023 година во согласност со Законот за семенски и саден материјал за земјоделските растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација пченица и јачмен, соопшти МЗШВ.
Кај оваа интервентна мерка прифатлива количина за сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација пченица и јачмен се количините наведени во сертификат за конечно сертифицирано семе од реколта 2023 година.
Интервентната програма за 2023 година е дополнета со нови три мерки насочени за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови.
Покрај оваа интервентна мерка, земјоделците ќе може да аплицираат и за мерката од 3 денари за килограм финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, како и интервентната мерка за финансиска поддршка за продадени количини домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови.
Оваа година креиравме отворена интервентната програма со буџет од 317 милиони денари, преку која навремено му излегуваме во пресрет на секој земјоделец.
Претходно, во април оваа година, МЗШВ преку интервентната програма на располагање стави 500.000 евра поддршка за производителите на зимска зелка на отворено, се наведува во соопштението на МЗШВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

