Економија
(Интервју) Марко Бислимовски: Оние што енормно трошат струја, имаат пари и да платат
Овие се незапамтени ситуации кога никој ништо не може да предвиди, но никогаш немало толку драстични промени на берзите како сега и останува да се надеваме дека оваа криза ќе заврши и ќе добиеме стабилини и предвидливи цени на енергенсите, вели во интервјуто за „Макфакс“ првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Доколку во државата нема природен гас, Бислимовски вели дека тогаш би се соочиле со сериозен проблем, особено во текот на следната грејна сезона. Во таков случај смета Бислимовски, греењето во Скопје единствено може да биде на мазут, а во градот ќе има енормно загадување.
„Реално е дека во Македонија немаше никаков проблем во обезбедувањето нафтени деривати и тоа функционираше. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации бидејќи во однос на нафтените деривати немавме и не очекувам да имаме некој посебен проблем. Но кризата лично ме научи – никогаш не вели ниокогаш. Сепак, во делот на нафтените деривати не се очекуваат проблеми“, уверува Бислимовски.
„ Да видиме кои се тие експерти коишто кажуваа дека ние со нашите одлуки на енергетскиот пазар сме правеле енормни профити. Многу е лесно во време на криза да се шпекулира, но многу е тешко да се преземаат мерки кои се непопуларни“, додава првиот човек на РКЕ.
Дали ќе има ново покачување на цената на електрична енергија, за состојбата со нафтените деривати, за очекувањата по руската инвазија на Украина, во интервјуто за „Макфакс“ одговара претседателот на РКЕ – Марко Бислимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

