Економија
Исплатата на мајските пензии почнува од среда

Исплатата на мајските пензии почнува од среда, 27 мај. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме втор месец, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда 27 мај. Тие можат да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.
„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата и држење растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Димитриеска-Кочоска во работна посета на Луксембург на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 4 јули 2025 година ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе учествува на редовниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.
РС Македонија, е дел од Холандската конституенца, а министерката за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светската банка.
На маргините на состанокот, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции и со министри за финансии од земјите членки на Конституенцата.
Средбите ќе бидат посветени на актуелните глобални економски предизвици, на политиките за одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст, како и на поддршката за реформските процеси во РС Македонија.
Учеството на вакви состаноци претставува значајна можност за унапредување на соработката со ММФ, Светска банка и другите членки на Конституенцата, како и за презентирање на макроекономските политики и реформската агенда на Владата, соопшти Министерството за финансии.
Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.