Економија
Кабинетот на Анѓушев: Енерегетската заедница ги препозна реформите во енергетскиот сектор
Македонија направи голем напредок во имплементација на „меките мерки“ во енергетскиот сектор изминатава година, заклучи Енергетската заедница во „Мониторинг извештајот за електрична енергија во земјите во Западен Балкан“, пренесе кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Како за споредба, во јуни 2017 година спроведувањето на меките мерки (мерки кои се однесуваат на развивање на пазарот на електрична енергија, мерки за прекугранично балансирање, мерки поврзани со регионална распределба на капацитети и вкрстени мерки) било на ниво од 38 проценти, додека во јуни 2018 година достигнало ниво од над 50 проценти. Според извештајот, напредокот почнал по одржувањето на Самитот за Западен Балкан во Трст, а во најголема мера се должи на донесувањето на новиот Закон за енергетика, во кој се имплементирани европските директиви и регулативи од Третиот енергетски пакет.
Најголемо поместување, пренесуваат од Кабинетот на Анѓушев, напред има во спроведување на мерките за развојот на пазарот на електрична енергија, кои пред Самитот во Трст беа на ниво од околу 18 проценти, за по донесувањето на новиот Закон за енергетика да достигне ниво од 44 проценти. Преку новиот Закон за енергетика се овозможува воспоставување на пазарниот механизам „ден однапред“ во Република Македонија и во моментов само Босна и Херцеговина од земјите во регионот немаат воспоставено ваков пазарен механизам, заклучуваат од Енергетската заедница.
Кога станува збор за останатите категории кои се споредуваат, во спроведување на мерките за прекугранично балансирање има исто така значително подобрување, а од Енергетската заедница очекуваат со донесувањето на новите правила согласно со Законот за енегетика дополнително подобрување во оваа област.
Подобрувања има и во имплементација на мерките за распределба на регионалните капацитети на електрична енергија, кои зависат од меѓусебната поврзаност на електро-енергетските системи во сите земји во регионот, како и во вкрстените мерки, со кои се влијае на дерегулација на цените и раздвојување на операторите со електрична енергија.
Од Кабинетот на Анѓушев велат дека податоците изнесени во извештајот се уште една потврда дека Македонија сериозно пристапи кон спроведување на реформите во енергетскиот сектор откако во јуни, по донесување на Законот за енергетика, Секретаријатот на енергетската заедница ги повлече и споровите покренати кон Македонија поради неспроведување на превземените обврски од договорот за Енергетска заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

