Економија
Како до крајот на летото да заработите вредни награди и да останете физички активни?
Оние речиси 9.500 корисници на апликацијата ХалкЕко на Халкбанк веќе знаат дека со секоја физичка активност, без оглед дали се работи за трчање или едноставно пешачење, или, пак возење велосипед или тротинет тие, не само што придонесуваат за заштита на природата, туку можат да освојат и вредни подароци. Голем дел од нив можеби веќе добија подарок бидејќи статистиката на ХалкЕко кажува дека во изминативе нешто помалку од 4 години колку што е во функција апликацијата, се поделени речиси 4.000 подароци.
Па тогаш, доколку сте физички активни и водите здрав живот, зошто не се приклучите на семејството ХалкЕко? Или, доколку сакате да пешачите, или ги користите велосипедот или тротинетот како превозно средство, симнете ја апликацијата и почнете да собирате ХалкКоинс со кои можете да одберете некоја награда. За оние кои „планираат“ да започнат со физичка активност или да го заменат своето возило со друго превозно средство кое што не ја загадува околината, ХалкЕко и наградите кои можат да се освојат може да бидат мотив за она што само се планира токму сега и да се реализира.
ХалкЕко како апликација и програма има за цел да ги мотивира луѓето да бидат физички активни и да придонесуваат за заштита на природата. Таа е врзана за зелената агенда на Халкбанк како еко ориентирана компанија која што низ годините на своето делување дава силна поддршка на сè она што е во насока на негување здрав животен стил и заштита на животната средина.

Суштина на апликацијата, која едноставно се симнува на вашиот паметен телефон, е по регистрацијата истата да се вклучува при старт на физичка активност. Значи, ако почнувате да се движите, без разлика дали пешачите, трчате или возите велосипед или тротинет, апликацијата тоа го регистрира. Остварената километража ќе ви се евидентира како ХалкКоинс. Доколку ова го правите во период од 7.30 до 9.30 или од 15.30 до 17.30, што во принцип е време кога се оди или се враќа од работа, освојувате двојно повеќе ХалкКоинс.
Кога ќе ги соберете првите 250 ХалкКоинс, што се адекватни на поминати 250 километри, веќе можете да изберете награда. Награди се предвидени за постигнати 250, 500, 750, 1500 и 2000 ХалкКоинс. А наградите се навистина вредни. Па така, на пример, за секое од постигнатите нивоа, можете да добиете бонус поени кои се евидентираат на кредитна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје. А бидејќи еден бонус поен е еднаков на еден денар, тоа значи дека, на пример, за 2000 ХалкКоинс ќе добите 2000 бонус поени, кои се адекватни на 2000 денари. Истите можете да ги искоритите при било кое пазарување на продажно место каде има терминал на Хакбанк. А нив навистина ги има речиси секаде.
Или, пак, во моментов кога е период на годишни одмори, кога за патување во странство ви е неопходно патничко осигуување, наместо тоа да го плаќате, можете да го обезбедите со своите ХалкКоинс. За осигурување од Халк Осигурување во времетраење од 10 дена во текот на една година ќе треба да потрошите 250 ХалкКинс, а за осигурување од 20 дена –
500 ХалкКоинс. Потребно е само да испратите меил до ХалкЕко и да наведете во која експозитура на Халкбанк сакате истото да го подигнете.
Со ХалКоинс можете да го осигурате и вашиот дом. За осигурување од основни и дополнителни ризици ви се потребни 1500 ХалкКоинс, а за 3000 ХакКоинс можете да земете осигурување на домот во вредност до 3.000 денари.
Следно, доколку имате кредит во Халкбанк или имате намера да земете потрошувачки или станбен кредит, направете го тоа токму во оваа банка бидејќи вашата физичка активност може да ви заштети многу средства. Имено, за 500 ХалкКоинс можете да добиете 10% попуст на редовната камата на потрошувачки кредит, а за 750 ХалкКоинс попустот е 15%. Може и да изберете хипотекарно осигурување од основни ризици кое ви дава сигурност при менување кредит. Постигнати 1500 или 2000 ХалкКоинс нудат можност за добивање 5%, односно 10% попуст на основната камата за станбен кредит, што со оглед на должината на отплата на станбените кредити значи сериозна заштеда.
Халкбанк не само што наградува за физичката ативност, туку за секои 80 километри на секој корисник, презема обврска за засадување дрво. Досега банката, како одговор на активностите на корисниците на апликацијата, има засадено речиси 38.000 дрвја.
Затоа не двоумете се. Симнете ја апликацијата ХалкЕко и станете дел од семејството на поддржувачи на здрави животни навики и дајте свој придонес за поздрава околина. И секако, овојувајте вредни награди.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Kонцесионерите мора да носат развој за граѓаните, кажа Божиновска и најави засилен инспекциски надзор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности.
На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери во државата, што директно влијае врз локалниот економски развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите во општинскиот буџет. Соговорниците разговараа за ефектите од зголемените концесии, како и за потребата од одржување стабилен баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
Посебен акцент беше ставен на соработката меѓу општината и концесионерите, при што беше констатирано дека е важно доследното почитување на законските обврски и стандардите за работа, како и континуираниот дијалог со локалната заедница со цел одржлив развој на секторот.
„Развојот на рударството мора директно да се чувствува и на локално ниво. Нашата цел е општините да имаат реален бенефит, а компаниите да работат согласно највисоките стандарди и прописи“, истакна министерката Божиновска.
На средбата се разговараше и за унапредување на инспекцискиот надзор, при што беше најавено отворање на нова канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп. Новото присуство на инспекциските служби на локално ниво ќе овозможи поголем увид на терен, поефикасни контроли и навремено постапување, што ќе придонесе за дополнително зајакнување на довербата и транспарентноста во работењето.
Министерката Божиновска нагласи дека Министерството останува посветено на партнерски однос со локалните самоуправи, со јасна цел — развој на рударството како економски двигател, но со целосно почитување на прописите и интересите на граѓаните.
Економија
Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава
Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени.
Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор од 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка беше определена како Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со конституирањето на независната држава и со прогласувањето на монетарната самостојност во април 1992 година, Народната банка прерасна во самостојна централна банка, носителка на сите значајни функции на современото централно банкарство.
Во текот на изминатите осум децении, Народната банка работеше во различни општествени и економски околности, од периоди на стабилност и напредок до фази на длабоки трансформации. Притоа, постепено ги воспостави своите надлежности, функции и институционален интегритет на независна и современа централна банка на нашата држава.
Денес, Народната банка е модерна, професионална и кредибилна институција, со високо ниво на доверба кај јавноста и признат углед во меѓународните финансиски и централнобанкарски кругови. Преку доследно спроведување на своите законски цели – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, таа создава стабилни макроекономски услови и придонесува кон одржлив економски раст и развој на општеството.
Континуитетот, стабилноста и кредибилитетот на Народната банка се темелат врз професионалното знаење и искуство, интензивната меѓународна соработка, но пред сè врз трудот, посветеноста и одговорноста на генерации вработени и раководни лица кои го вградиле својот професионален век во институцијата. Токму оваа институционална зрелост ѝ овозможи на Народната банка успешно да се справува со сложени економски предизвици и периоди на зголемена неизвесност, оправдувајќи ја довербата на граѓаните како највреден капитал на секоја држава.
По повод јубилејот „80 години централнобанкарско работење“, Народната банка ќе оствари низа активности со кои ќе се одбележи богатото институционално наследство и ќе се афирмира улогата на централното банкарство во современото општество.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

