Економија
Како изгледа работата на фејсбук и гугл-кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?
На почетокот на месецов пишувавме за агенцијата LeanSEM и нејзината успешна маркетинг-приказна. Тие работат од Скопје (Тафталиџе во нормални времиња, од дома во овие тешки времиња), за клиенти од Силиконската долина. Компанијата за околу 5 години успеа да соработува со 50-тина компании, управувајќи со маркетинг-буџети од над 2 милиони американски долари и константно расте и бара нови членови на тимот. Работат Google со клиенти како Мастерклас и Јудасити , a за себе велат дека се „зависници од резултати“.
Неколку прашања за Андреј – акаунт директор и Глигор – човекот за социјални медиуми.
1. Како „завршивте” во LeanSEM и со предизвикот да работите за најбрзорастечката индустрија во светот?
Глигор: Се пријавив за Google Crash курсот на LeanSEM, со главна цел да научам нешто повеќе. Секако се надевав, но не ми беше цел да се вработам по секоја цена. Како што поминуваше време, сфатив дека тука не си „играат играчки“, туку има сериозна експертиза и работат со врвни клиенти. Ми стана јасно дека ова е once in a lifetime шанса за прогрес. Го завршив курсот и ми се отвори можност да станам дел од тимот. Почнав во гугл-тимот па подоцна се префрлив во Social тимот. И еве ме.

Глигор
Андреј: Уште во средно одлучив дека сакам да работам нешто поврзано со маркетинг и продажба онлајн бидејќи ме фасцинираа можностите што ги носи интернетот. Затоа решив да студирам e-бизнис, а LeanSEM ме „купи” со ад на Facebook каде што го бараа следниот маркетинг rockstar 🙂

Андреј
2. Како изгледа еден ден на LeanSEM маркетер?
Глигор: Eat. Results. Sleep. Repeat. (уствари нема многу Sleep, хехе)
Андреј: Претпоставувам како што би требало да изгледа и на секој друг маркетер – анализа на бројки, носење заклучоци од резултатите од претходниот ден, откривање growth можности, решавање проблеми, комуникација со клиенти и со тимот.
3. Што се смени во кризава, односно како коронавирусот и „новото нормално” го сменија вашиот работен ден?
Андреј: Во однос на работата не се смени многу, ние и понатаму остануваме фокусирани на резултати и продолжуваме со исто темпо. Практично само мигриравме од канцеларија дома. Секако ми фалат тимските средби и дружење во канцеларија, ама ќе биде и тоа, набргу се надевам.
Глигор: За мене искрено, на почеток беше само селење од канцеларија – дома. Е дури по првите неколку долги недели, почна да ми фали „LeanSEM домот“. Но, со вистински фокус и бистра глава, се посветив на вистинските нешта и успевам да направам многу, дури и вака „заглавен“ дома.
4. Според Вас, што е најважно за да се биде успешен во светскиот дигитален маркетинг од Скопје?
Андреј: Па не само од Скопје, би рекол од каде било, за да бидеш успешен маркетер мора да покажеш резултати. Доколку си способен да ги постигнеш целите и упорност да ги подобруваш резултатите секој месец, најмалку важно е од каде си.
Глигор: Така е. Не е битно дали си од Скопје или од Шангај. Ги имате на тацна речиси истите алатки, затоа многумина го гледаат ова како „the easy way out“. Но, потребни се вистинска пасија за дигитален маркетинг, комбинацијата од аналитички ум и, секако, упорност. Не е работа за секого, а не ни треба да биде.
5. Двајцата сте работеле за македонски клиенти, а сега работите за клиенти од Силиконската долина. Која е главната разлика?
Глигор: Не се споредува. Разликата е во маркетинг-буџетите, мајндсетот, културата, експертизата… Но клучната разлика, според мене, е во можноста за напредок. Никого не го интересира како се викаш, битно е да си најдобар во тоа што го правиш.
Андреј: Би дополнил дека нашите клиенти ја разбираат својата и нашата улога. Нивно е да ни дадат доверба и информации, а наше е да најдеме начин да донесеме резултати. Со овие клиенти добиваме поголема доверба, слобода и многу поголем буџет за да направиме вистински импакт.
6. Цело време сте во потрага по нови членови на тимот. Кое е она „нешто“ кое треба да го има вашиот иден колега или колешка?
Андреј: Техничниот дел се учи и не е квантна физика, ама мора да има пасијата за маркетинг. Второто „нешто” е фокус на импакт и на резултати. LeanSEM нуди милионски буџети на кои секој од нас може да експериментира и гради своето искуство. Сè што треба мојата идна колешка или колега да направи е константно да се прашува што уште можеме да направиме за клиентот и што можам да направам за да остварам поголеми резултати.
Глигор: Андреј го сумираше ова убаво, па само би додал – отворен ум, храбри идеи и неприкосновена желба за раст.
Доколку се пронајдовте во искуствата на Глигор и Андреј, или мислите дека го имате она што е потребно за да работите дигитален маркетинг во меѓународна лига, погледнете го тимот на LeanSEM кој постојано расте. Погледнете ги и нивните LeanSEM вредности кои ги имаат сите вработени и доколку се пронајдете во нив, аплицирајте за отворените позиции.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4%. Воедно, на аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 11 февруари, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.
„Задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии. Се очекува дека досегашните измени кај задолжителната резерва, кај макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици“, соопштија од Народната банка.
Просечната стапка на инфлација за целата 2025 година изнесува 4,1%, под влијание на промените на цените кај базичната и кај прехранбената компонента.
Од Народната банка соопштија дека остварувањата кај инфлацијата се близу до октомвриската проекција, но таа и понатаму е над историскиот просек, поради што нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика.
„Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во нагорна насока. Ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани со променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка“, се наведува во соопштението.
На крајот на јануари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.600,5 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар во јануари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекувањата за првиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година упатуваат на трговски дефицит којшто е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.
Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП забрза и изнесува 3,8% на годишна основа, што е малку над оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти се едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.
Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за депозитите и кредитите на банките за јануари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките, но и на динамична кредитна активност, чиишто годишни стапки на раст засега се над очекувањата за првиот квартал од годината.
Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, којшто е усогласен со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка е подготвена да ги користи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)

