Економија
Клучни работи што треба да ги знаете за „Лајконет“ (Lyconet)
Веројатно сте слушнале за Lyconet („Лајконет“), но дали точно знаете за каква всушност компанија станува збор? Од каде потекнува, која е нејзината историја, колкави се заработките во мрежата на Lyconet – се само дел од прашањата што ќе се обидеме да ви ги одговориме за да ја добиете целосната слика.
Lyconet како бренд е за прв прат претставен во 2014 година во Грац, Австрија и во моментов компанијата брои преку 300,000 маркетри, физички и правни лица кои работат како независни агенти. Активна е на 49 пазари ширум светот, како глобална платформа за водење на сопствена лојална програма.
Користејќи „нетворк маркетинг“ како канал и начин на промовирање и продавање на производи тоа им овозможува на своите членови да напредуваат во својата кариера и притоа да остваруваат одлични месечни заработки. Но она што е интересно и за многумина непознато, е дека овие заработки, без разлика во која држава се наоѓаат марктерите, се исти. На пример, исто заработуваат маркетери, да речеме во Германија и во Македонија, а замислете, Lyconet брои дури 300,000 маркетери низ целиот свет кои ја делат оваа предност.
Како се се станува Lyconet маркетер?
Lyconet маркетер се станува со препорака преку друг маркетер, односно преку мрежата на неависните Lyconet маркетери. Зачленувањето како маркетер е комплетно бесплатно! Секој маркетер пред да започне со работа склучува договор за независен Lyconet маркетер и потоа преку достапните алатки во сопствениот профил на вебсајтот lyconet.com/mk, добива онлајн обука и насоки за водење на бизнисот.
Lyconet носи и голема одговорност кога станува збор за бизнис партнерите и секогаш се води по принципите на интегритет, чесност и праведност. Истите вредности писмено се прифатени од секој Lyconet маркетер пред да започне со дејноста со прифаќање на кодот за етика на компанијата.
Како се заработува?
Оваа компанија има две основи по кои ги наградува своите членови и по кои маркетерите можат да го следат својот раст во кариерата. Како прво, тука е „кариерниот програм“ кој претставува патот по кој маркетерите напредуваат во својата кариера и „балансниот програм“ каде се евидентираат шопинг поените остварени на секој маркетер или тим од маркетери кој им носи одреден финансиски надоместок согласно транспарентниот компензациски план.
За да можете да започнете да заработувате, потребни ви се поени со кои ќе напредувате. Едноставно, за да остварувате што поголем број на поени потребни ви се продажби, а за вашите поени уште повеќе да се зголемуваат, можете да изградите сопствен тим од маркетери од кои и вие ќе остварувате дополнителни поени. Поените кои ќе ги остварат маркетерите се пресметуваат неделно и според нив се добива одредена сума на пари која претставува ваша исплата на она што го имате остварено како продажба. Има неколку видови на „баланс програми“: персонален, национален, континентален и интернационален баланс, каде се распоредени сите поени кои ги остаруваат членовите во мрежата, а кои притоа се целосно транспарентни и може секој маркетер да ги следи, сѐ со цел секој член да има увид во својот успех и напредок.
Транспарентност во работењето
Постојат многу компании кои работат на овој принцип на работа и ги наградуваат своите вработени според остварените продажби на производи или слично. Но, она што е специфично кај Lyconet е токму транспарентноста. Покрај тоа што компанијата има изградена силна мрежа на маркетери, таа има и свои јасно истакнати правилата и прописи според кои секој член мора да се придржува, се разбира со цел да се избегнат какви било неправилности во мрежата. Правилата, напредувањата во кариерните нивоа, како и баланс програмите се јавно достапни на нивната веб страна https://www.lyconet.com/mk за секој заинтересиран потенцијален член да може поубаво да се запознае со начинот на работењето на компанијата.
Покрај правилата и начините при работа, целосно транспарентни се и видовите на заработки кои им се пресметуваат на сметките на маркетерите и тие во секое време можат да го следат својот статус. Всушност, како еден од глобалните лидери во „нетворк маркетинг“ индустријата, Lyconet носи и голема одговорност кога станува збор за своите бизнис партнери, па оттука неминовно е и целиот принцип на работа да биде транспарентен.
Lyconet e наменет за претприемачи, расположени да ја користат оваа мрежа како платформа за изградба на сопствениот бизнис и да остварат одлични дополнителни месечни заработки. Компанијата секогаш се води по принципите на интегритет, чесност и праведност, а истите принципи мора да бидат прифатени и од страна на секој Lyconet маркетер.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

