Економија
Ковачевски: Очекувам уште утре да најдеме решение за покачување на минималната плата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/dimitarkovacevski-2-scaled.jpeg)
Владата предводена од СДСМ е на страната на работниците, а ветувањето за покачување на минималната плата ќе биде исполнето, пишува премиерот Димитар Ковачевски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе нѐ одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, има напишано Ковачевски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Поскапуваат некои од горивата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/benzin-gorivo-960x639-1-2.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,868 %, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,368 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 0,387 % и кај „мазутот“ зголемување во просек за речиси 0,170 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,042 %.
Од 2.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 83,00 (денари/литар)
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 48,008 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажните цени на бензинoт ЕВРОСУПЕР БС-98, на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-=лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,080 денари/кг.
Економија
Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/elena-petrova-ujp.jpg)
Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани.
Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови. Нејзината биографија е достапна на следниот линк.
Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик” на УЈП, „нов амбиент” и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.
„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно” вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат” на граѓаните“, изјави Петрова.
Обраќајќи се на даночните обврзници, Петрова истакна дека ќе негува кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварувањето на даночните права.
Таа изјави: „Даночните обврзници спроти себе нема да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права“.
Петрова ќе се залага за интензивна соработка со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни, со цел со заеднички напори да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.
Петрова најави бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами, одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/evra.jpg)
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.