Економија
Ковачевски: Платите во ТИР-зоните од 2017 година пораснаа за 7.000 денари
Премиерот Димитар Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент“ и „Кондево“ во Трговско индустриската и развојна зона Штип каде што вработените работат во современи и пред сè безбедни услови.
Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, по 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето-платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број на вработени во ТИРЗ зголемен е повеќе од двојно. Во 2016 година регистрирани се 6.282 вработени, а во 2020, 12. 963 наши сограѓани работат во капацитетите изградени во зоните.
„Менаџментот на компанијата ‘Адиент’ вложува и во раст на платите на годишно ниво на 1.700 вработени наши сограѓани. Дополнително, инвестицијата на ‘Адиент’ во земјава, изнесува 20 милиони евра. Покрај оваа фабрика, тука во Штип, активно работи и нивната фабриката во ТИРЗ Струмица. Оваа реномирана компанија минатата година постигна нето-извоз од речиси 12 милиони евра, при што извозот изнесува 69 милиони евра, а увозот е 57 милиони евра“, истакна Ковачевски.
Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година.
И во услови на пандемија и глобална криза, постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2.700 работни места. Во напредна фаза на преговори се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1.500 вработувања. Трендот на зголемување на инвестициите и во овој мандат од 2021 – 2024 година се очекува уште повеќе да расте.
Во оваа насока, Ковачевски го потенцираше и го поздрави амбициозниот план за новата инвестиција на компанијата „Кондево“. Станува збор за инвестиција од над 35 милиони евра за која веќе менаџментот на „Кондево“ достави план до Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони, а тоа значи и нови 288 вработувања.
Во ТИР-зоната Штип во тек е реализацијата на најголема капитална инвестиција во инфраструктура во зоните до сега, во износ од 430 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за влез на нови инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.

