Економија
Ковачевски: Приоритет е привлекување на странски инвестиции кои обезбедуваат добро платени работни места
Премиерот Димитар Ковачевски во видеоизјава го оцени учеството на владината делегација на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.
„На инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, ги презентирав можностите и предностите кои ги нудиме како држава на странските и домашните инвеститори. Северна Македонија има одлично развиени програми за поддршка за инвеститорите кои беа позитивно оценети на сите средби кои ги остварив“, рече тој.
Додаде дека со добри политики одржуваме стабилна макроекономска состојба и јавен долг кој е под нивото на земјите од регионот. Имаме континуиран пад на стапката на невработеност, a нашата економија се покажа отпорна на силната економска криза, што е важно за потенцијалните инвеститори.
„На средбите во Лондон потенцирав дека главен фокус на оваа Влада е развој на домашната економија и покачување на стандардот на граѓаните. Северна Македонија не смее да биде место каде ќе се инвестира поради евтина работна сила, туку поради квалитетот на работниците и поволната бизнис клима. Нашата стратегија е да привлечеме инвестиции и компании кои обезбедуваат добро платени работни во перспективни индустриски гранки. Ги поканив јавните и приватните инвеститори да го искористат потенцијалот на земјата во области како што се развој на зелена економија, дигитализација, иновации и технологија, човечки капитал и развој на инфраструктурата. Ова се областите кои се дел од планот за економски раст и развој на Владата и нашиот фокус е привлекување на инвестиции токму во овие сектори“, истакна Ковачевски.
Дополни дека инвеститорите инвестираат во безбедни земји а како членка на НАТО, безбедноста и стабилноста на Северна Македонија се загарантирани, а со тоа и условите за привлекување странски инвестиции се добри.
„Го презентирав и амбициозниот план на Владата за енергетска транзиција, исклучително важен во време на глобална енергетска криза. Енергетската транзиција ќе обезбеди сигурност и независност во снабдувањето со енергетски ресурси, зголемување на домашното производство со фокус на обновливите извори на енергија. Предизвиците се големи, но преку правилно поставена стратегија за справување со кризата силно верувам дека ќе ги надминеме“, прецизираше Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

