Економија
Комора на сметководители: Министерот за финансии да го сопре самоволието во институцијата што ја води
Комората на сметководители апелира да се донесе нов Закон за сметководствени работи и повлекување на законските измени кои се веќе во собраниска процедура. Со нивно носење, велат сметководителите, уште повеќе ќе се нарушат лошите услови за работа.
„Комората на сметководители континуирано апелира за потребата од унапредување на професијата, но во пракса продолжува самоволието во постапување на Секторот за финансиски систем во Министерството за финансии. Наместо повлекување на предлог-законот за измените на Законот за вршење сметководствени работи од собраниска процедура и конечно формирање работна група за креирање ново законско решени, предлог-законот е ставен на дневен ред на 34 седница на Собрание, закажана за 16.2.2021година и тоа со европско знаменце, со што се забрзува постапката на негово донесување“, стои во реакцијата од Комората.
Со предложените законски измени, како што информираат сметководителите, се предвидува слободен влез во професијата на странски државјани од земјите членки на Европската економска заедница.
„Нагласуваме дека ЕУ не бара вакво усогласување, што значи дека со оваа манипулација во законското решение само се прави упад на пазарот на даватели на сметководствени услуги од странство и се дискриминираат и загрозуваат сметководителите во земјава кои истото право не можат да го остваруваат интернационално“, реагираат тие.
Комората на сметководители бара итна средба со министерот за финансии и претставници од Секторот за финансиски систем.
Според нив, предлог-измените се крајно дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата.
„Доколку и понатаму продолжи немањето слух за реалните проблеми, Комората на сметководители ќе преземе радикални мерки кои ќе останат на сила до исполнување на барањата“, изјави Александра Андреева, член на Упоравниот одбор на Комората на сметководители.
„Мора да се стави крај на ваквите перфидни обиди за исполнување на лични интереси на поединци “, додаде Андреева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Паметно управување со трошоците во период на зголемена потрошувачка
Зимскиот период секогаш носи повисоки трошоци, од подготовка на автомобилот и купување на зимска опрема, до избор на грејни уреди, празнични украси, елки и подароци. Во време кога буџетот природно е пооптоварен, секое решение што создава дополнителна вредност е добродојдено. Токму затоа бонус програмата на Халкбанк претставува практичен начин клиентите да добијат дополнителна вредност при редовните сезонски купувања.
Повеќе вредност со секое плаќање
При плаќање со кредитните картички Mastercard и Visa на Халкбанк, во одредени периоди и одредени категории продажни места, автоматски се собираат бонус поени. Вредноста е целосно транспарентна: еден бонус поен еднаков е на еден денар. Понатаму, поените може да се искористат за делумно или целосно плаќање на ПОС терминалите на Халкбанк, со што сметката веднаш се намалува.

Сезоната станува поудобна кога дел од трошокот се враќа назад
Зимските гуми, сервисот пред патувања, грејните уреди, празничната декорација, сите овие купувања можат да носат бонус поени кои подоцна ќе се претворат во конкретно намалување на следното плаќање. На овој начин, сезоната на зголемени трошоци станува поиздржлива, а буџетот полесно се контролира.
Јасно и едноставно користење
Во секој момент постои целосен увид во расположливите бонус поени, преку електронското банкарство, месечниот извод или потврдата по направена трансакција. Начинот на нивното користење е на самиот ПОС терминал, при наплата, се избира опцијата за употреба на поените, а износот веднаш се коригира со нивната вредност. Систем осмислен да функционира природно и без дополнителни чекори.
Паметен начин да се намалат сезонските расходи
Бонус програмата нуди можност едноставно да се добие повеќе од секое редовно купување, без промена на навиките, без дополнителни чекори и без сложени правила. Еден практичен систем што додава вредност таму каде што најмногу е потребна, во периоди на зголемена потрошувачка.
Програмата е уште еден начин банкарските услуги да бидат поудобни и приспособени на секојдневните потреби. Со вакви решенија, Халкбанк продолжува да создава пофункционално и современо корисничко искуство.
ПР
Економија
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса, ќе имаме тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите што не се членки на ЕУ, посочи Бислимоски
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница, наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ на трибината посветена на предизвиците во енергетскиот секторот, насловена како „ Центар за енергетска политика на Западен Балкан“ што се одржа во Приштина.
Бислимоски образложи дека крајната цена на електричната енергија што се нуди на отворениот пазар нема да биде конкурентна, затоа што цената ќе се зголеми поради јаглеродната такса.
„Ние може да ја усвоиме најдобрата легислатива, но клучно е какви резултати дава имплементацијата на одреден закон во пракса. Сите земји членки на Енергетската Заедница соработуваат и испорачуваат реформи затоа што тоа е единствениот начин да се оди напред. Кај нас усвоени се првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а сега и четвртиот енергетски пакет се имплементира. Ако се анализира изминатиот период може да се заклучи дека сите земји одат напред: берзите за електрична енергија функционираат, имаме зајакнување на меѓуграничните капацитети, а тоа е подготовка за спојување на пазарите, што пак ќе придонесе кон привлекување на нови инвестиции. Западен Балкан има сонце и ветер и ако ги погледнеме бројките, од почеток на енергетската криза сите инвестиции се токму во постројки од обновливи извори. Сепак производството на струја од јаглен е присутно и доминантно затоа што од овој ресурс се обезбедува базна енергија што е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем. Со имплементација на јаглеродната такса, ќе се блокира интеграција на земјите од западен Балкан со земјите членки на ЕУ. Нема шанси сопственик на производствен капацитет од овие земји да извезува надвор од ЕУ и ќе останеме затворени во регионална рамки“, кажа претседателот на РКЕ.
Бенефитите од реформите кои се спроведуваат неопходно е да ги почувствуваат граѓаните, и Европа мора да биде свесна дека тие мора да бидат поддржани низ процес на субвенции, порача Бислимоски.
“Ние живееме во средина каде воздухот е исклучително загаден и трошиме многу пари за лекување на граѓаните. Енергетските реформи се тесно врзани со животната средина. Прашањето е едноставно– како овие реформи допринесуваат за подобра животна средина? Треба да се објасни колку пари нашите здравствени институции трошат поради загадениот воздух. Мерки мора да има, граѓаните мора да знаат дека политиката на реформи во секторот дава резултати и наративот ќе се смени. Неопходно е во целост да се реконструира финансиската помош за ранливите потрошувачи и да се ремоделираат условите за употреба на фотоволатичните централи кај домаќинствата. На овој начин граѓаните ќе разберат дека реформите се за заедничко добро“.
Амбасадори, високи економски дипломатски експерти, енергетичари од Енергетската заедница и од Европската комисија беа дел од дебатата што се одржа во Приштина, на која се разговараше за развојот на енергетската политика во Западен Балкан.
Економија
Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември
Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не е датум за затворање на трезорската сметка, туку рок до кој институциите е потребно да ги достават сите тековни расходи за навремена исплата.
Според премиерот, и по истекот на овој рок ќе има толеранција и институциите нема да бидат одбиени доколку поднесат налози подоцна. Целта на поставувањето на датумот, вели тој, е подобро планирање и навремено извршување на обврските.
„Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите иснтитуции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите. Се разбира на тоа додадов дека имаме толеранција. Се разбира дека нема ако некој дојде на 20 декември да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Затоа јас ги молам сите институции да дојдат навреме. Не велам дека на 25-ти ако дојде некој со налог нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но, навремено да ги испланираме активностите, за да не се случи во 5 до 12 сите да нагрнеме таму и некои од обврските да останат неплатени односно да ги книжиме во следната година. Само тоа е целта, чисто мораме да се навикнеме на некаков ред“, кажа Мицкоски.

