Економија
Компаниите што инвестирале за време на пандемијата ќе добијат вкупно 20 милиони евра
На веб-страницата на Министерството за економија е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во постпериодот на Ковид-19, преку која се реализира мерката за поддршка на компаниите што инвестирале во време на пандемијата, која е дел од третиот сет економски мерки на Владата.
Оваа мерка предвидува финансиска поддршка од 20 милиони евра за сите деловни субјекти од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ-секторот, кои во текот на 2020 година ќе реализираат инвестиција.
„Главната цел на оваа мерка е да се помогнат компаниите што ќе ги изгубат пазарите за повторно нивно освојување – зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, зголемување на продуктивноста, со што ќе се одржат деловните потфати, кои ќе придонесат за закрепнување на економијата на земјата преку реализација на инвестициски проект во постковид-периодот од јули до декември 2020 година“, соопшти Министерството за економија.
Висината на финансиската поддршка изнесува 25 отсто од реализираната инвестиција според инвестицискиот план што ќе го достави апликантот, но не но не повеќе од:
– 40.000 евра за компании што оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра;
– 100.000 евра за компании што оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 еврo до 10.000.000 евра;
– 140.000 евра за компании што оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 еврo до 50.000.000 евра;
– 200.000 евра за компании што оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.