Економија
Компанијата „Виваком“ меѓу најбрзорастечките провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот
Водечката бугарска телекомуникациска компанија „Виваком“, која работи во рамките на United Grоup, е рангирана меѓу првите пет најбрзорастечки провајдери на сателитски услуги за деловни корисници во светот, според Светската асоцијација за сателитски комуникации (WTA).
Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ.
Компанијата „Виваком“ се најде на петтото место на листата на „Fast 10“за 2020 година. WTA објавува годишно рангирање на компаниите кои се занимаваат со пренос на сателитски сигнали за комерцијални цели. Критериум за рангирање е растот на годишните приходи во последната фискална година.
Листата „Fast 10“ за 2020 година можете да ја погледнете на следниов линк.
„Виваком“ управува со еден од најголемите и најмодерните објекти за сателитска комуникација во регионот, Плана телепорт, кој има антени насочени кон некои од најпопуларните сателити кои ја покриваат Европа, Африка, Латинска Америка, Блискиот Исток и Азија, овозможувајќи видео и VSAT услуги во спомнатите региони.
Нивните корисници на сателитски услуги се едни од најголемите медиумски корпорации во светот, сателитски оператори, бродски компании и системски интегратори. Плана телепортот исто така обезбедува услуги на сателитската платформа на United Grоup, Тотал ТВ, која е водечка DTH платформа (direct-to-home) во Југоисточна Европа, односно кабелска преку сателит.
„Виваком“ обезбедува интернет-услуга во едно од најтешко достапните места во светот – Антарктикот, како и сателитска врска со бродови во Црното, Црвеното, Северното и Средоземното Море и пренос на податоци до корпоративни клиенти во Латинска Америка.
За повеќе информации за сателитските услуги на компанијата „Виваком“ и Плана телепортот, посетете ја интернет-страницата.
За United Group:
United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, со седиште во Амстердам. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за корисниците низ целиот регион. За 20 години деловно работење, United Group има преземено и успешно интегрирано повеќе од 100 компании. Секоја година одвојува значителни средства за развој на дигитална инфраструктура, оригинални медиумски содржини и технологија. United Group е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании во светот, од март 2019 година и работи во осум земји.
Заповеќе информации посетете ја https://united.group.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.
Економија
Божиновска – Рама: Гасното поврзување на државата е клучен чекор кон енергетска стабилност и регионална интеграција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој на гасната инфраструктура во државата.
Во фокусот на разговорите беше изградбата на интерконекторот со Грција, како еден од најзначајните стратешки енергетски проекти во земјата. На средбата беше направен пресек на досегашната динамика на реализација, текот на градежните активности и координацијата меѓу институциите и изведувачите, со цел проектот да се реализира согласно предвидените рокови.
Посебно внимание беше посветено и на подготовките за реализација на интерконекторот со Србија, при што беше разгледан напредокот во техничките и административните активности, како и тековната комуникација и координација со српската страна. Двете страни оценија дека регионалното гасно поврзување претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на снабдување и зголемување на енергетската сигурност.
На состанокот се разговараше и за долгорочните планови за развој и проширување на националната гасоводна мрежа, со цел овозможување поголема достапност на природниот гас за индустријата, општините и домаќинствата, како и поддршка на енергетската транзиција и намалување на загадувањето преку почисти енергетски решенија.
Министерката Божиновска ја истакна важноста од забрзана реализација на инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека развојот на гасната мрежа е стратешки приоритет кој директно влијае врз економската стабилност, конкурентноста на стопанството и сигурноста во снабдувањето со енергија.
Соговорниците се согласија дека координираниот институционален пристап и засилената регионална соработка се клучни за успешно позиционирање на државата како стабилен енергетски јазол во регионот.

