Контакт

Економија

Костовски: Ретроспектива за тендициозното носење на Еуростандард банка во стечај

Објавено пред

„Веќе две години се води истрага поради стечајот на Еуростандард банката. Главната истрага ја води господинот Драго Кос со својот тим, еминентен и докажан експерт во борбата против организираниот криминал, кој во својот извештај ги обзнани девијантните појави во банкарскиот сектор, присутни во РМ скоро две децении. Ви ја давам мојата ретроспектива, анализирајќи ги сите директни или индиректни институционални соучесници во стечајот на Еуростандард банка. Мојата анализа фактографски докажува дека Еуростандард банка по наредба е донесена во стечај. Наредбата за нејзино носење во стечај е донесена една година пред обзнанувањето на самиот стечај. Причината за носење на Еуростандард банка во стечај е токму желбата на нас акционерите да излеземе од шемата на банкарскиот криминал. Со промената на стариот генерален директор Николче Петкоски, кој беше дел и соучесник во организираниот банкарски криминал, и именувањето на новиот генерален директор Горан Трајковски дадовме јасна порака до банкарскиот сектор дека објавуваме војна, што значи дека ќе прекине нашето учество во банкарските криминални шеми и ќе бидеме посветени на прибирање на одлеаните финансиски средства. Еуростандард банка беше осудена на смрт поради ваквиот чин. Во натамошниот текст таксативно ќе ги набројам постапките кои беа правени или не направени само со цел да се наштети на Еуростандард банка:

dobivaj vesti na viber

1. Народна банка – од четирите алатки кои ги имаше на располагање Народна банка, а тие се: редовни мерки, вонредни мерки, администрација и стечај, таа ги користи само алатките редовни мерки и стечај. Вонредните мерки беа делумно користени, иако во нивна надлежност е одземање лиценци на членовите на Управен и Надзорен одбор, како и директори на сектори, таа тоа не го направи. Алатката администрација е тотално прескокната. Во средината на 2019 година, кога на чело на банката беше стариот Управен одбор, предводен од Николче Петкоски, состојбата на Еуростандард банка од аспект на адекватноста на капиталот беше многу полоша одколку на 12 Август 2020 година, кога банката отиде во стечај. За периодот од јуни 2019 и 12 август 2020 година, ние акционерите ја докапитализиравме Еуростандард банка со нови 11 милиони евра, а новиот Управен одбор, предводен од Горан Трајковски беше целосно посветен на присилна наплата на одлеаните средства од банката за што говорат и фактите дека од септември 2019 година до февруари 2020 година, беа присилно собрани повеќе од 15 милиони евра, што значително влијаеше на подобрувањето на севкупната состојба на Еуростандард банка. Народна банка на Еуростандард банката, откако го назначи новиот Управен одбор, ѝ воведуваше драконски забрани за работа на банката со правни и физички лица. Во вториот квартал 2020

година следеше вонредната состојба од пандемијата Ковид-19 каде додатно ни беше одземено правото за присилна наплата на нашите побарувања, согласно мерките за заштита на стопанството од тогашната Техничка влада. Цели 97 дена колку што траеше вонредната состојба, Еуростандард банка имаше забрана за работа со правни и физички лица и забрана за присилна наплата. Со вакви ригидни мерки и многу посилни банки би биле уништени. Поддршката за стопанството која ја даде Техничката влада во услови на вонредна , не важеше за Еуростандард банка. Народна банка многу консеквентно постапуваше кога беше во прашање Еуростандард банка. За нејзе не важеше вонредната состојба. Истовремено од месец мај 2020 година се појави потенцијален инвеститор за докапитализација на Еуростандард банка кој чекаше полни три месеци да биде примен на разговор во Народна банка. На крајот не беше примен, иако неговата целосна документација и бонитет јасно укажуваа дека се работи за солиден и сериозен инвеститор.

Ова води само кон еден заклучок. Заклучокот е дека Народна банка мораше да ја однесе во стечај Еуростандард банка со една и единствена цел, да се задскријат одлеаните пари од банката и уште поважно, да не биде откриена шемата на организираниот банкарски криминал.

2. Техничка влада – Во Службен весник на Република Македонија се објавени две уредби со сила на закон утврдени од страна на Техничката влада и тоа: на 24.02.2020 година е објавена првата уредба која вели дека нема стечај на правни лица минимум три месеци по завршувањето на вонредната состојба од пандемијата Ковид -19, за да на 29.05.2020 година во Службен весник се објави новата уредба со сила на закон која вели: стечај на правни лица може да настапи веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Единствен силен правен субјект кој отиде во стечај е Еуростандард банка. Сомнежот дека и Техничката влада била ставена во функција за уништување на Еуростандард банка е уште посилен со фактот што само 3 часа пред објавувањето на стечајот од страна на госпоѓата Гувернер Бежоска на ден 12.08.2020 година, член од акционерите на Еуростандард банка имаше лична средба со тогашниот Технички премиер Оливер Спасовски, денеска Министер за внатрешни работи во владата на РМ. Тема на состанокот била техничкиот премиер лично да се ангажира за прием на потенцијалниот инвеститор во Народна банка и Народната банка да има трпение кон нас акционерите за додатно докапитализирање на банката од 2,4 милиони евра. Условот од Народна банка беше да овие 2,4 милиони евра бидат уплатени најдоцна до 14 август 2020 година. Замислете, стечајот е објавен на 12 август!

3. Собрание на Република Македонија – Првиот човек на Собранието на РМ, Талат Џафери, беше запознат со стечајот и неговата прва изјава на директна средба беше дека Народна банка ги прескокнала процедурите. Собранието на РМ е единствено овластено со закон да ја контролира работата на Народна банка. Молкот на Собранието за непроверка на процедури на многу битна институција во стопанскиот и фискалниот систем на државата е чин кој сам по себе говори.

4. Обвинителство – Севкупната истрага обвинителството ја прави на база на официјалниот извештај за носење на Еуростандард банка во стечај, издаден од страна на Народна банка.

5. Комерцијална банка- местото и улогата на Комерцијална банка е посебно истражено од страна на Господинот Драго Кос, а јас со овој мој исказ сакам само да обзнанам дека незаконски се искористени 3 милиони евра, наменски даден депозит од Еуростандард банка во Комерцијална банка, кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби, без согласност на Надзорните одбори на двете банки. Во договор, кој го знаат само Управните одбори на двете банки, овие средства се исчезнати.

Почитувани, заклучете дали ова не е организиран криминал?

Институциите кои треба да работат во интерес на правата на граѓаните се ставени во клише кое наликува на криминал.

На ова зло мора да му ставиме крај“.

Трифун Костовски

Економија

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.

Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.

Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа

Објавено пред

Од

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион60 минути

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија2 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија2 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет3 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет3 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа4 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет4 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет4 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа4 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион13 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија14 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет16 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија19 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија22 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија22 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија24 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија1 ден

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...