Економија
Кочоска: Недозволиво е министер за финансии да не знае дали има пуштено налог во трезорот за исплата на плати
„Веќе подолго време Нина Ангеловска се фали со реализацијата на капитални инвестиции од 78% за 2019 година, а тоа значи шминката на податоци и понатаму продолжува. Нина знае да шминка, но не знае што се случува во трезорот на министерството и дали се исплатени плати за вработените во градинките и образованието, она што треба да ` биде приоритет, бидејќи македонските граѓани живеат од плати и секое задоцнување е стресно за нив“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
„Наместо Нина Ангеловска да шета и да посетува корзо во Ѓорче Петров, треба да се посвети на она што ` е работа и на она за што зема пари од граѓаните. Недозволиво е министер за финансии да не е запознаен, со тоа дали има пуштено налог во трезорот за исплата на плати. Додека вработените во градинките и образованието чекаат плата, Нина Ангеловска се однесува како да е министер без ресор, а не министер за финансии.
Владата во заминување, по одлуката за предвремени парламентарни избори во октомври 2019 година, ги забрза сите активности и донесе разно-разни одлуки и предлог-закони, кои требаше да ѝ помогнат во намерите финансиите и економијата да ги претстави во розово светло.
За да може да прикажат некаква капитална инвестиција и вештачки да го подигнат процентот на капиталните инвестиции, Владата на седница одржана на 16.12.2019 година разгледувала и донела олука за одобрување на средства од буџетот на Македонија за 2019 година, за купување на делот на ГА – МА АД Скопје во износ од преку 2 милијарди денари (2.020.000.000,00 денари) или 33 милиони евра, средства кои ги исплати на 30.12.2019 година и тоа кон Национални енергетски ресурси – НЕР (порано Македонски енергетски ресурси). Со оваа постапка јасно е дека реализација на капитални инвестиции нема, а средствата се ненаменски алоцирани. Ваквата политика носи директни трошоци на буџетот по основ на камати, кои до овој период изнесуваат над 100 илјади евра.
Без оваа трансакција, која всушност не е реализирана, односно Владата сè уште ги нема откупено акциите од АД Макпетрол, капиталните инвестиции во однос на основниот буџет за 2019 година би изнесувале 60,81%, што е очајно ниско ниво на реализација. Ако владата сакаше да реализира ваква капитална инвестиција, зошто навреме не презема конкретни мерки со цел да имаме вистинска реализација, а не вака да создава долгови а притоа и Макпетрол да остане неподмирен?“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

