Економија
Левица: Отпуштени неколку директори на „Кромберг и Шуберт“, ги проневериле парите за бонуси на работниците
Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми, јави денес партијата Левица. Криминалниот ланец, како што нагласуваат од Левица, помеѓу управата во најпрофитабилниот германски гигант во Македонија, долго време функционирал беспрекорно.
„Моментално се отпуштени неколку лица од директориумот и се под строг финансиски претрес поради проневера на финансиски средства, кои требало да завршат кај вработените како бонус. Овие лица криминално се богателе, додека работниците на пеколни температури се масовно експлоатирани, дискриминирани и оштетени за профитот на поединци“, велат од Левица.
Финансиската полиција од Левица тврдат дека започнува да врши истрага за сите инволвирани кои го изработувале финансискиот дел за вработените во Битола, Скопје и Србија.
„Информациите кои пристигнаа до нас тврдат дека се вршела проневера на пари преку хотелиерски услуги, помеѓу склучени договори за престој на вработени во фабриката во Скопје кои доаѓале од Битола“, велат од Левица.
Левица веќе има испратено претставка до Трудов инспекторат поради дојави за кршење на работничките права на начин што вработените биле принудени да работат повеќе од законски дозволеното. Истрагата не е завршена, па од Левица најавуваат дека сите детали за тоа кој се богател врз потта на обичниот работник, ќе ги споделат со јавноста откога ќе заврши истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

