Економија
Македонија и Словенија ќе работат на зголемување на економската соработка
Продлабочување на традиционално добрата економска соработка и реализирање на нови проекти помеѓу Северна Македонија и Словенија најавија министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за економија и технолошки развој на Словенија Матјаж Хан, кои денеска се обратија на форумот Словенечко-македонски за економска соработка кој беше организиран од страна на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Северна Македонија.
„Има простор за зголемување на соработка меѓу Северна Македонија и Република Словенија и се надевам дека денеска ќе ги отвориме вратите преку споделување идеи и можности за инвестирање од страна на компаниите од двете земји. Билатералните односи меѓу двете земји во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка како на политички така и на економски план. Со заеднички сили и наппри во наредниот период ќе ја зголемиме економската и трговската соработка за што најголем бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји” кажа министерот Бектеши во своето обраќање пред присутните стопанственици од двете земји.
Бектеши истакна дека и Владата и Министерството за економија се секогаш подготвени да ги поддржат странските инвестиции, особено од Словенија, како и нашите инвестиции во Република Словенија.
„Ние постојано ги подобруваме нашите домашни регулативи и политики за да бидеме подготвени и да ги исполнуваме европските стандарди за да овозможиме добра деловна клима во нашата земја додека работиме на зајакнување на нашата домашна економија, така што кога ќе се отворат вратите на ЕУ, нашата економија ќе бидат подготвена. Исто така како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работиме на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што имаме донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија”, изјави министерот Бектеши.
Како што кажа Бектеши, за да се продлбочи соработката помеѓу бизнисот се договорено е следната година да се организира заеднички Саем на занаетчиство во Цеље на кој ќе се претстават малите компании од двете земји.
„Наша цел исто така е да се воспостави следната година повторно авионска линија меѓу Скопје и Љубљана што дополнително ќе ја подобри комуникцијата и соработката помеѓу двете земји.Повеќе од убеден сум дека со заеднички сили и наппри во натедниот период ќе ја зголемиме економската и трговската соработка за што најголем бенефит ќе имаат граѓаните од двете земји“ кажа министерот Бектеши.
Единствен начин, кажа Бектеши да се преброди било која криза и да се изгради вклучително и енергетска независност и диверзификација е можно и единствено низ регионална соработка со оглед на големината и обемот на инвестиции кои што треба да се прават, а кои поединечно ниту една држава не може сама да ги направи.
Ова е можност да се искористи глобалната енергетска криза за државите да се претворат во центар на зелена енергија што ќе го снабдува со струја не само регионот, туку и пошироко.
Министерот за економија и технолошки развој на Словенија, Матјаж Хан, ги истакна добрите билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, истакнувајќи го уште поголемото продлабочување на оваа соработка и реализацијата на многу заеднички проекти од стопанската област, со посебен акцент на енергетиката.
„Сакам да истакнам дека билатералните односи со Република Македонија и со Република Словенија се многу добри, традиционално биле добри и во минатото. Словенија е пријателска земја со РМВ, така што ќе остане и во иднина, ќе ве поддржиме на вашиот пат кон ЕУ“, изјави Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

