Економија
Македонија e домаќин на првиот регионален Дигитален самит за Западен Балкан
На 18 и 19 април Македонија ќе биде домаќин на еден од најголемите регионалните настани за оваа година – Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан. Настанот претставува дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација за приближување на регионот до Европската Унија.
„Македонија повеќе не е изолирана земја, туку се стреми кон што е можно поголема поврзаност со своите соседи и градење обрососедски односи. Токму затоа овие два дена фокусот ќе биде како да се зголеми дигиталното поврзување и соработка во ИТ-сферата помеѓу земјите од регионот и ЕУ. Самитот ги поврзува на едно место претставниците од владите, бизнисите, регионалните организации, граѓанското општество, академската заедница и младите, со заедничка цел за размена на идеи и предлози и дефинирање на заедничко дејствување“, истакна министерот за информатичко општество и аднимистрација, Дамјан Манчевски.
Во последната Стратегија за Западен Балкан и за проширувањето на Европската Унија, за првпат значајно место има развојот на дигиталната агенда. Дигиталниот самит претставува единствена можност каде ќе се разговара за сите прашања нотирани во Стратегијата, како што се: намалување на цените на роамингот, сајбер-безбедност, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните. Официјалната програма на Самитот содржи четири панел-дискусии за дигитални вештини, ИТ-безбедност, дигитално поврзување и дигитална економија и општество.
„Учество ќе земат премиерите на државите од Западен Балкан и министри одговорни за дигиталната агенда. Исто така, на самитот ќе присуствуваат и земјите членки на ЕУ кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници од ИТ-индустриите и бизнис-секторот, академската заедница, младите“, посочи министерот Манчевски.
Составен дел на Дигиталниот самит ќе бидат и повеќе активности кои се отворени за сите заинтересирани граѓани.
Паралелно, овие 2 дена во СЦ „Борис Трајковски“ ќе има експо, каде заинтересираните компании кои работат во дигиталната сфера ќе имаат можност да ја презентираат својата работа. Ќе има и дополнителни настани кои вклучуваат дигитални разговори – отворена сесија за различни теми од областа на дигитализацијата за сите заинтересирани учесници, како и Конференција за борба против лажни вести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

