Економија
Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија
Во свечена атмосфера и во присуство на многубројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава им беа доделени десетте признанија за македонски квалитет 2019 на националните бренд-амбасадори.
Престижното признание за компаниите што придонесуваат за развој на економијата и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и интернационално го доделува Сојузот на стопанските комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата. Признанијата ги доделија претседателот на РС Македонија, г. Стево Пендаровски, претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.
Добитници на признанијата се: „Настел“, „Бе-Да логистик“, „Фитофарм“, „Бироком“, „Тифи груп“, „Евросуровина ПА“, Меѓународното училиште НОВА, „Кривогаштани промет“, „Пакомак“ и АКУД „Мирче Ацев“.
Арсовска истакна дека Сојузот на стопанските комори со години го промовира квалитетот на домашните компании препознаен на интернационалните пазари, но она што недостига е национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови.
„Успехот на секоја домашна компанија е национален успех. За пласман на домашните производи како земја треба да се стремиме кон освојување нови пазари, што е главен предизвик за компаниите, особено малите и средните. Евидентен е потенцијалот што го имаме, а не доволно го афирмираме и користиме. Имаме солидни компании, многубројни уникатни претприемачки идеи со потенцијал за интернационално пробивање. Македонското традиционално творештво е афирмирано во светски рамки и има голема вредност како културно обележје на нацијата, да си поставиме нова заедничка цел Македонија да биде ставена на светската мапа по успешни национални брендови познати и признати на пет континенти“, изјави Арсовска.
Комисијата составена од членови на кабинетот на претседателот на државата, во согласност со прецизно воспоставените критериуми и оваа година, внимателно ги селектира македонските претставници што имаат традиција во создавање и одржување национален бренд. Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за македонски квалитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

