Економија
Максимизирајте ги вашите приходи и придобивки со услугата „Примател на плата“
Изборот на финансиска институција што ќе се грижи за вашите пари е една од најважните финансиски одлуки, па затоа е многу важно на изборот на банка каде што ќе ги примате вашите финансии, да се посвети посебно внимание. Ова е особено важно доколку сте вработени бидејќи изборот на банка преку која што ќе го добивате својот месечен личен доход може да значи добивање низа бенефиции.
Халкбанк како банка што постојано води грижа за потребите на граѓаните и креира производи согласно нивните потреби, ја создаде услугата Приматели на плата за сите оние кои сега се вработиле, или пак, кои решиле својата плата (или пензија) да ја префрлат во банката.
Па така, секој што ќе отвори тековна сметка во Халкбанк и преку неа ќе остварува редовен личен доход добива Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која што може да подига готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија.
Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите кои отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство што овозможува добивање нотификации за примена плата и за секој прилив и одлив на средства, но и извршување на останати обврски online.
Со добивање плата преку сметка во Халканк се добива и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати, како и можност за добивање некоја од кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard со кои, меѓу другото, може и да се пазарува на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор. Халкбанк е и единствена банка која има Бонус програмата со која што со пазарувањето со некоја од кредитните картички издадена од Банката на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на попуст кој на сметката се евидентира како бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, всушност се добиваат средства што потоа може да се користат на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк. Тука се и можностите за користење на GarminPay, мобилното плаќање преку HalkPay, брзо префлрање на средтсва преку телефонски именик со SmartSend, подигнување на готовина од АТМ без картичка, СМС код преку SmartCash, штедење на кусур од плаќања со дебитна картичка преку Е-касичка, но и други корисни услуги кои се ретка понуда во земјата.
Освен овие основните бенефиции, секако не треба да се заборави и тоа дека примањето на плата преку Халкбанк значи во иднина полесна и посигурна можност за добивање Станбен кредит или, пак, можеби Потрошувачки кредит кои се со најдобри услови на пазарот. Не треба да се заборави и производот Мој Депозит кој е со повластени каматни стапки и е креиран за приматели на плата, пензија и дополнителни примања на трансакциска сметка во Халкбанк АД Скопје.
Затоа, доколку сега се вработувате изберете ја Халкбанк и искористете ги бенефициите предвидени за примателите на плата преку Банката. Истото ќе го добиете и доколку направите паметен избор и својата плата ја префрлите во Халкбанк.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ангеловска-Бежоска: Политики за поголема финансиска вклученост на жените се неопходни за забрзување на економскиот раст
Развој на политики кои ќе ги стимулираат жените да се вратат на пазарот на труд, поддршка од државата и работодавачите во однос на обврските на жената во семејството, адресирање на сите извори на родовите разлики и дизајнирање на нови иновативни технолошки решенија кои ќе овозможат поголема финансиска инклузија на жените, се политиките кои ќе придонесат кон поголема вклученост на жените во економијата, а со тоа и забрзување на економскиот раст, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во своето излагање на панел-дискусијата „Поддршка на жените во финансиите-рушење на бариерите”, во организација Економскиот факултет при Универзитетот во Тетово. Настанот го отвори ректорот на Универзитетот во Тетово проф. д-р Јусуф Зејнели, а се обрати и деканот на Економскиот Факултет, проф. д-р Брикенд Азири.
Гувернерката, на панелот на кој учествуваа и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, продеканката на Економскиот факултет Вјолца Хасани Лимани, главниот извршен директор на АД „Македонска берза“, Иван Штериев и претприемачката Гзиме Фејзи, се осврна подетално на пристапот на жените до финансиите и улогата во развојот на претприемаштвото. Таа истакна дека согласно податоците на последната анкета „Барометар на женското претприемништво“, околу 67,8% од анкетираните жени претприемачи сметаат дека пристапот до финансии под поповолни услови е една од значајните форми на поддршка за нивните бизниси. Кога ќе се погледнат статистиките за бројот на кредитокорисници, вредноста на земените кредити, како и лицата кои поседуваат платежни сметки кај нас, очигледна е доминацијата на мажите (околу 55% од вкупниот број кредитокорисници се мажи, 62% од вредноста на кредити на население отпаѓа на мажи, 90% од мажите наспроти 80% од жените имаат платежни сметки). Притоа, гувернерката ја истакна важноста на потребата за поголема финансиската инклузија на жените, но и финансиската едукација на жените, како основа за развој на женското претприемаштво, а со тоа и поттикнување на економскиот развој.
„Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), преку кој ќе се градат мостови помеѓу јавниот и приватниот сектор за зголемување на финансиската вклученост на жените, што ќе придонесе за отворање нови бизниси и работни места и за придвижување на економскиот раст”, истакна гувернерката.
Покрај тркалезната маса, во рамки на работната посета на Универзитетот во Тетово беше потпишан Меморандум за соработка во областа на едукацијата и истражувањето, помеѓу Народната банка и Економскиот факултет при Универзитетот во Тетово, од страна на гувернерката и ректорот, проф. д-р Јусуф Зејнели. Меморандумот предвидува соработка помеѓу двете институции во реализација на научноистражувачки конференции, семинари, работилници и други настани, како и поддршка во унапредувањето на студиските програми за потребите на монетарната и макроекономската политика и банкарскиот систем и подобра едукација на студентите.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,65 п.п., при што во април таа изнесува 1,82%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,43 п.п. и изнесува 5,51%, извести Народната банка.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следниот линк.
Економија
Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“, истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-тите години од минатиот век. Овој ценовен шок ги опфати сите енергенти, за разлика од 70-те кога главно се одрази на цените на нафтата. Степенот на глобализација сега е многу повисок, така што и повеќекратните ефекти се поголеми.
Овој раст на цените на енергентите придонесе за двојно зголемување на глобалната инфлација, додека кај земјите од Западен Балкан таа се зголеми четирикратно. Кога станува збор за нашата земја, како мала, енергетски зависна и енергетски неефикасна економија, таа беше силно погодена од енергетската криза, што се одрази и на инфлацијата, која достигна 14,2% на годишно ниво. „Домашните цени на енергијата се зголемија за 20% во две години, одразувајќи се значително на семејните буџети и зголемувајќи го ризикот од енергетска сиромаштија, слично како и другите земји во регионот“, истакна Ангеловска-Бежоска и посочи дека значително се зголемија и трошоците на компаниите. Сепак, во услови на стабилизација на цените на енергентите и големиот број преземени мерки од Народната банка, инфлацијата значително се намали до 3,4% во првиот квартал од 2024 година, а забележително стеснување е забележано и кај инфлацискиот диференцијал во однос на ЕУ.
„Покрај инфлацијата, се соочивме и со значајни предизвици и во надворешниот сектор, при што трговскиот дефицит достигна 27% од БДП во 2022 година, а ваквите промени во надворешната позиција очекувано создадоа притисоци на девизниот пазар. Народната банка, преку интервенции на девизниот пазар и други мерки, успешно ја зачува стабилноста на денарот. Девизните резерви на почетокот на кризата се намалија, но со нормализирањето на трендовите, тие забележаа раст, така што на крајот на 2023 година нивното ниво е повисоко за 40% во однос на преткризниот период.
Соодветната комбинација на монетарни и макропрудентни мерки придонесе за успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и намалување на инфлацијата на едноцифрени стапки, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на економскиот форум.