Економија
„Макстил“ доби награда за најеколошка компанија во општина Гази Баба
Макстил доби награда од Општина Гази Баба како најеколошка компанија односно компанија со успешна примена на еколошки стандарди и со особен придонес кон зачувувањето на животната средина.
Доделувањето на наградата следи по општинскиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологија“ каде во пет различни категории, аплицираа стопански субјекти, институции, организации и граѓани од општината, кои на каков било начин се грижат и со свои активности придонесуваат за почиста и еколошки безбедна општина.

За истакнување е дека Макстил е првата компанија во нашата држава која доби Декларација за еколошки производ за топло валан дебел лим – ДЕП (Environmental Product Declaration – EPD), а самиот процес на верификацијата беше извршен од страна на холандска сертификациска куќа согласно ISO 15804. Во текот на изминатите години Макстил направи обемни инвестиции при што покрај воведувањето на системот за менаџмент со животната средина ИСО 14001, доби и А-Интегрирана еколошка дозвола. Компанијата воведе промени во работењето со цел поголема и поефективна заштита на животната средина. Пред сѐ, врши редовно следење на емисиите на цврсти честички од двата оџаци, кои во континуитет се пониски од дозволените гранични вредности. Исто така, со примена на концептот на циркуларната економија, троската која се добива како нуспродукт при процесот на топење на старото железо во погонот Челичарница, добива примена и веќе се користи како суровина во градежната индустрија, а со тоа Макстил ја постигнува зададената цел за нула отпад.

Покрај измените во своето работење, Макстил заедно со своите вработени е еден од редовните учесници на сите акции за раззеленување на општината и иницијатор и поддржуваш на бројни еколошки активности.
Компанијата спроведе и проект на тема „Инвестираме во нашата планета“, со кој беа опфатени сите единаесет основни училишта на територијата на општината, а учениците од четврто одделение беа едуцирани за рециклирање на создадениот отпад.
Наградата денес беше доделена од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на свеченост во Културниот дом „Димитар Влахов“.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

