Економија
МАПАС: Вториот и третиот пензиски столб продолжуваат да растат и во услови на ковид-кризата
И покрај предизвиците што ги наметна кризата предизвикана од Ковид-19, капитално финансираното пензиско осигурување, кое е вториот сегмент според големината на активата во рамките на финанскиот систем, веднаш по банкарскиот сектор, остана стабилно и продолжи со својот раст. Имено, вкупните акумулирани средства во задолжителните и доброволните приватни пензиски фондови со кои управуваат пензиските друштва во вториот квартал од оваа година забележаа раст од 7,9 % во однос на првите три месеци од 2020 година.
„На денот посветен за пензиската свесност, 15 Септември, перформансите на капитално финансираното пензиско осигурување се навистина охрабрувачки. Тие придонесуваат за натамошно зголемување на довербата во МАПАС, која врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства, со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови“, вели Максуд Али, претседател на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.
Паралелно со својата супервизорска функција, МАПАС континуирано продолжува со активности за информирање и едукација на граѓаните за начинот на функционирање, придобивките и можностите што ги нуди тристолбениот пензиски систем, за правата и обврските на членовите во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за последните промени во регулативата за тоа кој може да биде член во вториот пензиски столб, како и за потребата од редовно ажурирање на личните податоци и континуирано следење на својата пензиска заштеда.
Посебен акцент во информирањето на јавноста, особено во рамките на активностите за годинешното одбележување на 15 Септември – Денот за пензиската свесност, ќе се стави на зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.
Бројот на членови во задолжителните и доброволните пензиски фондови на крајот на август 2020 година изнесува 547.616, а вкупната вредноста на нивните акумулирани средства надминува 1,37 милијарда евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

