Економија
Маричиќ за Би-би-си: Не може да се предвидат чекорите на Русија, работиме на замена на испораките на природен гас
Заменик-претседателот на Влада задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во емисијата „Дејли њус“ на Би-би-си изјавил дека земјата ги има намирено сите обврски за снабдување со руски гас, но дека ситуацијата е сложена, бидејќи не може да се предвиди каква одлука може да донесе Русија во наредните денови, со оглед на тоа што цврсто стоиме со Украина, политички, економски и воено.
„Имаме соодветни алтернативи во случај да дојде до прекин на снабдувањето со гас од Гаспром, на пример индустриските капацитети да можат да користат мазут, но каква одлука и да се донесе, Северна Македонија во оваа фаза ќе се ублажи, се залагаме одлуката да биде донесена согласно договорот за употреба на гасоводот“, кажал Маричиќ.
Тој изразил жалење што Русија одлучила да ги класифицира сите земји како непријателски земји, но дека македонската Влада верува дека наскоро ќе се најде решение за тековната агресија, со што ќе се стави крај и на енергетската криза.
„Снабдувањето со гас за Северна Македонија сè уште не е прекинато, зависноста е значителна, но сепак имаме континуирано снабдување со гас од ‘Гаспром’ преку Бугарија и покрај тоа што Русија го прекина снабдувањето со гас до таму“, вели тој во интервјуто.
Изјавил дека Северна Македонија е една од првите земји што се приклучи на одлуката на ЕУ, бидејќи, како што појаснил, сме земја кандидат за членство во ЕУ и сојузник во НАТО, но не само поради тоа, туку и направивме морален избор да застанеме покрај Украина.
„Работиме заедно со САД и нашите партнери од ЕУ на замена на испораките на природен гас од Русија, со цел да се намалат последиците од потенцијалната енергетска криза во случај Русија да го затвори вентилот“, додал Маричиќ за Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

