Економија
МЕР: Изградбата на гасоводот на Водно продолжува според основниот проект
Изградбата на гасоводот на лот 5, Скопје-Тетово-Гостивар, продолжува според основниот проект кој има правосилно одобрение за градба и сите други потребни дозволи дефинирани со позитивните законски прописи, реагираат од Македонските енергетски ресурси на соопштението на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, кои обвинија дека од сите владини заклучоци итно се почитува само тој да продолжи изградбата низ шумата.
Од МЕР напоменуваат дека барањето за изнаоѓање алтернативна траса во оваа фаза на реализација на проектот не е возможна, од причини, како што велат, што неколкупати беа образложени.
„Изградбата е според сите стандарди на квалитет и безбедност. Ако има сомнеж или индикации за каква било повреда на некои законски постапки и прописи, ги повикуваме сите што евентуално поседуваат такви информации да се обратат до надлежните институции во рамките на правниот систем на државата“, велат од МЕР.
Од таму додаваат дека се во постојана комуникација и соработка со гореспоменатото граѓанско здружение, со цел инклузивност, информираност и сеопфатност, и така ќе продолжиме и понатаму. „Координацијата можеше да биде уште поефективна доколку граѓанската иницијатива воспоставеше појасна структура за комуникација со институциите, на што МЕР укажа некокупати и поради што се појавија извесни недоречености и недоразбирања“, реагираат од МЕР.
Од таму наведуваат дека Владата, МЕР и Град Скопје ги прифатиле повеќето од барањата и сугестиите, како што се: намалување и стеснување на работниот појас, измена од 20 до 24 км, со цел избегнување сечење дел од шумата, направен е проект за дополнителни мерки за ерозија, програма за рекултивација, на која веќе работи работната група, носење закони за Водно, Матка и за Гази Баба, за кои веќе се работи во надлежните институции, финансирање неколку еколошки проекти за кои има одлука на Влада и ред други технички барања и сугестии.
Од МЕР велат дека барањето на некои од иницијативите за откажување од проектот за гасификација е целосно неприфатливо бидејќи е спротивно на интересите на граѓаните, спротивно на заштитата на животната средина и спротивно на очекувањата на бизнис-заедницата.
„Во сите јавни дебати ги потенциравме нашите аргументи, а кои беа потвредни од сите стручни лица од областа, дека поминувањето на подземен гасовод на јужната страна на Водно ќе има минимални и сосема незанемарливи влијанија врз екосистемот на Водно и речиси никакви влијаниа врз амбиенталниот воздух на Скопје“, уверуваат од МЕР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

