Економија
Министерството за земјоделство: Зголемен интерес кај земјоделците за програмата за рурален развој за 2022
Зголемен интерес кај земјоделците бележат последните пет јавни повици, кои беа распишани од програмата за рурален развој за 2022 година, преку кои се овозможи поддршка за набавка на трактор, поддршка за изградба на силоси, изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун и грантот за рурална жена, соопшти Министерството за земјоделство.
Рокот за аплицирање на овие јавни повици, како што појаснуваат од таму, беше до 20 мај, а до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнатисе вкупно 2.901 апликација. Од нив, 2.675 апликации за набавка на трактори, 132 апликација за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 апликации за набавка на опрема за производство на тутун, 24 апликации за изградба на силоси и 8 апликации за изградба на мандри.
„Поддршката на овие јавни повици е во форма на кофинансирање, односно до 75 % од вкупната вредност на набавениот трактор, силос и мандри или поединечно за корисник поддршката изнесува до 3.500.000 денари за трактор, 1 милион денари за силоси и 600.000 денари за мандри за корисник. Поддршката за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка, која овозможува инвестиции во машини за расадување тутун, машини за нижење тутун и метални конструкции за сушење тутун. Максималниот износ на поддршката за оваа мерка за корисник изнесува 4.500.000 денари. Зголемениот интерес за проектот за рурална жена нè мотивира и висината на грантот двојно ја зголемивме од 3.000 на 6.000 евра за корисник. Преку овој проект ги мотивираме жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство“, додаваат од оваа институција.
„Како Министерство водиме грижа и даваме поддршка за секој земјоделец. Почнавме нова пракса, каде што нема селективност, нема правило прв дојден прв услужен, туку обезбедуваме поддршка за сите земјоделци што се јавиле на јавниот повик и приота ги исполнуваат мерките. Во наредниот период Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за рурален развој предвидува распишување нови два јавни повици за набавка на специјализирани комбајни и сушарници за ориз и јавен повик за изградба на пристапни патишта до земјоделски површини“, се потенцира во информацијата од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

