Контакт

Економија

Мицкоски од Прилеп: Власта не прави ништо за подобрување на условите за стопанисување

Објавено пред

По разговорот со бизнисмените и преставниците на Регионалната стопанска комора во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на условите за стопансисување во овој град за кои, како што рече, се тешки првенствено поради пандемијата на Ковид-19, но и од условите, кои, според Мицкоски, ги поставила локалната и централната власт.

dobivaj vesti na viber

„Од она што можев да го чујам од бизнисмените од овде, во Прилеп, навистина условите за стопанисување се тешки и покрај ковид-пандемијата, која ги направи условите тешки, би рекол и самата локална администрација и централната влада тие услови ги направи да бидат уште потешки. Се борат за секое работно место, овие луѓе, јас тоа го повторувам честопати, се навистина јунаци да обезбедат работа за вработените, да обезбедат пристоен личен доход и континуирано да работат на подобрување на условите за работа и на условите за живеење на вработените во овие претпријатија. Така што, еве, на крајот, мојата порака е дека од овие најтешки и најлоши четири години за Прилеп и прилепчани, следуваат најдобрите четири години, кој ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вистински економски, инфраструктурен и урбанистички бум на Прилеп и на прилепчани“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Економија

И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар, за преживување на четворица потребни се 62.861 денар

Објавено пред

Вредноста на минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денара или во сооднос со вредноста на синдикалната минимална кошничка за декември, која изнесуваше 62.861 денар, е зголемена за 391 денар, сооопшти денес претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.

dobivaj vesti na viber

Делот за храна и пијалаци, место да бележи намалување за најмалку 10 проценти, како што ветуваа трговците, бележи зголемување за 123 денари.

„Загрижува она што од почетокот на минатата година до оваа година, или за 12 месеци, вредноста на синдикалната минимална кошничка во делот на храната и пијалаците е зголемен 10,43 %. За граѓаните, со последното ненамалување на цените од страна на овие алчни трговци, произлегува дека трошокот е зголемен најмалку 20 % имајќи предвид дека зголемувањето од 10 % и ненанамалувањето од 10 %, ако ги соберете, посиромашни сме за најмалку 20 %“, рече Трендафилов.

За една година минималната потрошувачка кошничка се зголемила 6.989 денари, односно скокнала 10,65 %, факт што Трендафилов вели дека ќе оневозможи инфлацијата во земјата да биде 3,5 % имајќи предвид дека синдикалната кошничка ги предвидува само најнеопходните производи со кои едно четиричлено семејство може да го протурка месецот.

Синдикатот го утврди она за што граѓаните алармираа – трговците ги зголемија цените 20 % кога немаше мерки за потоа фиктивно да ги намалат кога почна мерката. За откривање на ваквите случаи Трендафилов вели дека подготвуваат сериозни чекори.

„Како ССМ размислуваме да преземеме сериозни чекори и во насока на тоа им укажеме на граѓаните што е добро, а што лошо. Имајќи предвид дека сите ние знаеме дека во изминатите неколку месеци овие трговци се покажаа како далеку лош пример за македонската економија, особено ако знаеме дека минатата година имаа енормни профити и енормни добивки, а оваа година ССМ ќе се погрижи да ги извади сите завршни сметки на овие големи трговски маркети и синџри маркети за да видат како тие неоправдано се богатат на грбот на граѓаните и на работниците“, најави Трендафилов.

Трговците, по чии критериуми беше креирана последната мерка за намалување на цените за најмалку 10 %, Трендафилов смета дека ја прелажале Владата двапати повеќе отколку што ги прелажаа граѓаните. Тој апелира Владата, доколку навистина сака да им помогне на граѓаните, да креира мерки без да информира за тоа и без да прави консултации со трговците.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка и ЕБОР заеднички работат на олеснување на пристапот до финансии за жените претприемачи

Објавено пред

Народната банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), преку Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, работат на зголемување на финансиската вклученост на жените претприемачи, преку активности за олеснување на пристапот до капитал, поддршка на развојот на вештините и знаењата, како и следењето на трендовите преку статистички податоци. Во рамките на мисијата на ЕБОР за спроведувањето на Кодексот во нашата земја, беше одржана средба помеѓу тимот на Народната банка предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и тимот на ЕБОР, предводен од Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Целта на оваа мисија е согледување на можностите за обезбедување соодветни податоци како основа за анализа на родовите јазови во пристапот до финансии кај микропретпријатијата, малите и средните претпријатија и зголемување на свесноста за поддршката којашто треба да ја обезбеди Кодексот помеѓу сите релевантни институции во земјава. На состанокот се разговараше и за зајакнување на процесот на обединување на напорите на регулаторите и на давателите на финансиски услуги со цел да се прошират можностите за финансирање на жените претприемачи.

„Народната банка активно работи на едуцирање на корисниците на банкарски услуги, што придонесува за подобар пристап до финансии на сите субјекти, вклучително и на жените претприемачи. Финансиската едукација на жените, како и финансиската вклученост на малите и средните претпријатија се дел од активностите предвидени со Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија. Дополнително, Народната банка ќе работи на збогатување на статистиката за пристап до финансиите на компаниите кои се во сопственост на жени или се управувани од жени “, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

„Ни претставува задоволство што соработуваме со Народната банка во унапредувањето на Финансискиот код за претприемаштво кај жените во земјата. Оваа иницијатива ја истакнува нашата посветеност на зајакнувањето на финансиската вклученост на жените претприемачи, преку целна поддршка и пристап до капитал. Со заеднички сили, ЕБОР и Народната банка се стремат да ја зајакнат средината во која бизнисите со кои управуваат жени ќе постигнуваат успех, ќе го поттикнат економскиот раст и во која ќе владее родовата еднаквост“, посочи Туркменоглу, постојаниот претставник на ЕБОР во Македонија.

Кодексот за финансирање на жените претприемачи се применува и е поддржан од околу 30 земји во светот. Целта е да се воспостави координирано спроведување на Кодексот при што ќе бидат ангажирани што поголем број чинители − регулаторите, давателите на финансиски услуги и други партнери, коишто ќе работат заедно на изградбата на националната инфраструктура за обезбедување податоци и анализа на родовата финансиска вклученост, како и проширување на понудата на финансиски производи што им се нудат на жените претприемачи.

Тимовите на Народната банка и на ЕБОР оценија дека нивна заедничка цел е да се зајакне поддршката на бизнисите предводени од жени и залагањето за родовата еднаквост, што ќе придонесе за зголемена финансиска вклученост, отворање нови бизниси и работни места, како и за придвижување на економскиот раст.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Објавено пред

Министерството за финансии денеска ја исплати Еврообвзницата издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Денеска во целост ја исплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година на износ од 500 милиони евра, а која доспеваше за исплата на 18 јануари 2025 година. Со цел да се обезбедат средства по најниски трошоци за исплата на оваа Еврообврзница, беше потпишан Договор за заем со унгарската Експорт-импорт банка. Условите под кои ги добивме средствата направија заштеди на буџетот по основ на камати и по основ на провизии. Ќе продолжиме со политиките на редовно и навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства по најповолни услови“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека 2025 година ја почнуваме со ликвидни и стабилни јавни финансии кои ќе овозможат редовно и навремено сервисирање на обврските.

Средствата за сервисирање на оваа обврска која доспеавше на 18 јануари 2025 година беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка по поволни услови со камата од 3,25%, рок на отплата 15 години, со вклучен грејс период од 3 години.

Земјата досега има издадено 9 еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеаваат за отплата уште 3 еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија22 минути

И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар, за преживување на четворица потребни се 62.861 денар

Вредноста на минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денара или...

Македонија34 минути

Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор...

Македонија2 часа

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173,...

Топ2 часа

Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште

Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во...

Македонија2 часа

Пациентите на Онкологија останаа без биолошката терапија, СДСМ повика итно да бидат преземени мерки

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошката терапија. По тој повод се огласи опозицискиот СДСМ, од каде...

Свет4 часа

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...

Свет4 часа

Кина за повлекувањето на Трамп од СЗО: Оваа организација треба да се зајакне, а не да се ослабува

Улогата на Светската здравствена организација (СЗО) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти денеска кинеското Министерство...

Свет6 часа

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва во...

Европа6 часа

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви

Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ....

Свет7 часа

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: „Имам уште половина ден да го направам тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат...

Свет7 часа

Орбан: Честитки за Трамп, сега е ред да го окупираме Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, велејќи...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ги потпиша првите извршни наредби пред преполната арена: Можете ли да замислите Бајден да го прави ова, не би рекол

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги...

Свет8 часа

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на Америка алијансата го пали турбопогонот

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте очекува дека враќањето на Доналд Трамп на местото претседател на САД, брзо и значително...

Свет8 часа

Ердоган: Трамп вели дека ќе стави крај на војната, ние ќе направиме сè што е потребно

Турција има намера да ги задржи добрите односи што ги имаше за време на првиот мандат на Доналд Трамп и...

Свет19 часа

Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница

Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како...

Свет22 часа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа....

Македонија22 часа

Нормализирана испораката на топлинска енергија

Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода...

Македонија23 часа

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин

Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот...

Топ1 ден

Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж

Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот. Според информациите од Центарот за управување со...

Македонија1 ден

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци....