Економија
Мицкоски: Потпишан е ЕФЕТ-договор помеѓу ЕСМ и позицијата за набавка на гас, има можност да се набави евтин гас и да се заштедат пари на народот
Во текот на вчерашниот ден, колку што имам информација, потпишан е тој ЕФЕТ-договор со што се тргуваат енергенти насекаде впо Европа од страна на позицијата и АД ЕСМ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали има информација дали има напредок со позициите за набавка на енергенти, што ѝ ги предложи ВМРО-ДПМНЕ на Владата.
Мицкоски нагласи дека од она што го има како информација е дека компанијата треба да има состанок в петок во АД ЕСМ, каде што ќе биде и официјално презентирана понудата и доколку е сè во ред, треба да се потпише анекс или индивидуален договор, кој е составен дел на тој ЕФЕТ-договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, како што рече тој, да почне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па сè до периодот до кога ќе го побара Владата.
„Од информациите со кои располагам, има таков состанок в петок, во просториите на АД ЕСМ, каде што ќе биде презентирана официјалната понуда од страна на позицијата. Нормално, има законски критериуми и правила како функционира правниот систем во Македонија, сепак АД ЕСМ не е приватна сопственост на никое приватно лице, таа е на народот, државна компанија. Компанијата треба да достави понуда и претпоставувам таму има комисија што ќе евалуира таа понуда, дали е таа понуда во ред или не. Доколку е во ред, не гледам причина уште в петок да биде потпишан тој анекс или индивидуален договор, кој е составен дел на овој ЕФЕТ-договор, на овој рамковен договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, очекувам да почне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па сè до периодот до кога ќе го побара Владата од оваа позиција. Сепак, јас тука во деталите не сум учесник и не ни сакам да сум учесник бидејќи има институции, наше беше да помогнеме како што помогнавме“, рече Мицкоски.
За набавката на мазут, потенцира дека веќе е соопштена понудата од страна на позицијата, односно на кое било пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон, што според него е квалитетна понуда бидејќи на тој начин ќе се заштедат околу 10-15 милиони евра.
А од позицијата, која требаше да достави понуда за мазут бидејќи имам овластување да го кажам тоа јавно, веќе е соопштена понудата, позицијата дека на кое било пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон. Ако се пресмета да речеме од Солун или Волос да се донесе во ТЕЦ „Неготино“, приближно 20 евра за тон, или од Волос 40 евра за тон, тоа би значело дека некаде во Македонија ќе ја имаме берзанската цена, што е исклучително квалитетна понуда, што е во моментот некаде околу 70, 80, 90 евра во зависност од цената регулирана со Регулаторната комисија за енергетика на мазутот, поевтина. Или ако земеме предвид дека се бараат 150.000 тона, тоа значи заштеда помеѓу 10-15 милиони евра, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

