Економија
Мицкоски: Секој заслужува повисока плата, ќе седнеме да разговараме со синдикалните организации и да изнајдеме решение
„Сакам најпрвин да кажам дека сите заслужуваат повисоки плати. Тоа е многу важно да се знае. Секој што работи, што се труди, што чесно работи во согласност со законот и Уставот заслужува повисока плата и тука не треба да има никаква дилема“, дециден е премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став со оглед дека Независниот синдикат најавува протест на просветните работници.
Мицкоски потенцира дека со ребалансот на буџетот се обезбедиле средства за законското усогласување нагласувајќи дека во зависност од динамиката на консолидирање на буџетот при неговото формирање за следната година е подготвен да седне со сите синдикални организации и да разговара.
„Како Влада, во рамките на овие два месеца направивме ребаланс на буџетот, со кој обезбедивме средства за законските усогласувања. И тука не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консолидирање на буџетот при неговот формирање за следната година, подготвени сме да седнеме со сите синдикални организации и да разговараме. За два месеца, успеавме да ги консолидираме институциите што беа во распад, да ги консолидираме министерствата што беа во распад, да го консолидираме буџетот што беше во распад“, рече тој и додаде:
„Ќе ве потсетам пред неколку дена, но и во текот на изминатите недели, објавивме податоци за тоа дека УЈП има 40 проценти повисока наплата во споредба од јули годинава со јули минатата година. Очекувам директорката многу бргу да излезе со една информација до јавноста за кадровската политика, за начинот на систематизирање на работните места, за тоа кои биле наградувани, а кои не биле наградувани. Но, и покрај тие предизвици, за 40 проценти имаме повисока наплата. Царината за 20 проценти во јули, наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули во споредба со јули минатата година“.
Мицкоски изјави дека не смее да се дозволи политизација на синдикалните организации.
„Ги консолидираме институциите затоа што сме посветени и сакаме да донесеме надеж и таа надеж се чувствува насекаде. Прв сум меѓу еднаквите во делот на образованието бидејќи јас сум просветен работник, и јас предавам на Универзитетот, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смее да дозволиме во синдикалните организации политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција“.
Посочи дека со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања што претходно беа усогласени со синдикалните организации укажувајќи дека за буџетот од следната година е подготвен да седне и да разговара за да се изнајде решение за нешто за што има основа.
„А за буџетот од следната година подготвени сме да седнеме и да разговараме без политизација и да најдеме решение. Јас сум прв што ќе поддржи нешто за што има основа“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

