Економија
Мукаетов: Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија
„Ако 20 % од луѓето го напуштиле регионот, тоа значи барем 20 % помалку таленти и вештини, 20 % помалку креативен потенцијал, а на крајот на денот и 20 % помалку традиционални потрошувачи“, вели генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов
Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е учесник и панелист на Втората годишна меѓународна конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која се одржува во Скопје од 30 до 31 мај годинава во организација на македонското Министерство за финансии и на Американската стопанска комора „AmCham“.

Мукаетов, во рамките на панелот „Искористување на можностите од регионалната соработка и евро-атлантските перспективи“, се осврна на важноста на перцепцијата на економската реалност низ призмата на можностите, нагласувајќи ги синергичното дејствување и интеграцијата на регионот, како и клучната улога на човечкиот фактор во тој контекст.
„Поединечно, сите сме мали, неконкурентни и помалку интересни пазари. Но гледајќи го регионот на Западен Балкан како целина, веќе зборуваме за пазар од речиси 20 милиони жители. Нам ни требаат здружувања и разни форми на соработка. Тука можеби ‘поврзаност’ би бил вистинскиот збор. Како компанија која е еден од столбовите на македонската економија, силно се залагаме за изнаоѓање разни синергии во регионот, дури изнајдовме и форми за соработка со нашите конкуренти во Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина“, истакна Мукаетов.

Правејќи паралела меѓу успешноста на компаниите и националните економии, особено во високо поларизирани и политизирани општества, Мукаетов потенцираше дека бизнисите се оние кои треба да најдат начини како поефикасно да ја промовираат регионалната економска интеграција, за да се обезбеди повисоко ниво на конкурентност, а со тоа и подобар животен стандард, повеќе странски инвестиции и посветла иднина за идните генерации.
„Целта на ‘Алкалоид’ е да се диференцира преку знаење и развој на производи со додадена вредност. Во денешното време на брзи промени, кога вештачката интелигенција и новите технологии се масовно достапни, моќта на креативноста и иновацијата на човечкиот потенцијал добиваат сè поголемо значење. За жал, одливот на мозоци е голем проблем со кој се соочува целиот регион. Како компанија, ние во ‘Алкалоид’ се трудиме да ги задржиме нашите луѓе ‘дома’, постојано инвестирајќи во нивната професионална едукација, пристап до нови технологии и научни достигнувања, програми за менторство, дуално образование, разни бенефиции како за вработените така и за нивните семејства, сè со цел да овозможиме поквалитетен личен и професионален развој на вработените.“

Мукаетов го посочи примерот на „Алкалоид“ како една од најатрактивните компании работодавци во земјава, но и патот до таа перцепција, кој почнува од вработените во компанијата и од нејзината организациска култура.
„Децении наназад ‘Алкалоид’ покажал резилиентност и брза адаптација кон промените. Тоа е компанија градена од генерации речиси девет децении наназад. Да работиш за ‘Алкалоид’ е како да играш за ‘Реал Мадрид’. Станува збор за наследство со богата традиција, долга историја и со врвен квалитет, па потклекнувањето пред предизвиците во никој случај не смее да биде опција“, поентираше Мукаетов заокружувајќи го своето обраќање.

„Скопскиот економски и финансиски форум“ (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии, чија цел, како што истакна ресорниот министер Фатмир Бесими, е да овозможи дебата за јавните политики на релевантни регионални теми. Главен говорник и специјален гостин на настанот е истакнатиот американски професор и добитник на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман. Фокусот на настанот, кој во Скопје успеа да ги собере најпрестижните имиња од светот на економијата, бизнисот и на финансиите, е поставен на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, на отпорноста, конкурентноста и на регионалната соработка, на енергијата, зелената транзиција и на инфраструктурата, но и на двигателите на растот по кризата.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

