Економија
Министерството за финансии: Силна поддршка за малите и средните фирми со Програмата за економски реформи 2019-2021
Подобрување на деловното окружување, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и создавање инклузивно општество, предвидува Програмата за економски реформи 2019-2021, инфромираат од Министерството за финансии.
Во Министерството за финансии беше одржан работен состанок помеѓу институциите што ги спроведуваат реформите, невладиниот сектор и експертската јавност. Финалниот документ Владата има обврска да го достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година, соопштија од Министерството за финансии.
„Според последниот извештај, Македонија има постигнато најголем успех во имплементацијата на препораките дадени претходната година во мај. Исто така, нотирано е дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година.
Целосно се исполнети препораките што се однесуваат на усвојување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии и поставеноста на монетарната политика. Значително исполнување е нотирано кај препораките што се однесуваат на зголемена фискална транспарентност, користење на ЕНЕР, унапредување на стручното образование преку воведување модел на дуално образование. Сепак, сè уште имаме предизвици кои треба да ги надминеме не само за да ја подобриме оценката туку за да ги подобриме економијата и животниот стандард на населението“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Оттаму додаваат дека во новата програма од особено значење се меркитте за малите и средните компании.
„Тие се насочени кон зголемување на конкурентноста, поддршка на иновациите, усвојување повисоки стандарди за квалитет, производство со поголема додадена вредност и поврзување на домашните со странските компании. Во тек се и измени на Законот за јавните набавки, кои ќе обезбедат примена на принципот најдобра вредност за парите и ќе овозможат почитување на принципите на ЕУ за транспарентност и конкурентност“, се додава во соопштението.
Владата, како што посочија од Министерството за финансии, посветува особено внимание и на справување со сивата економија.
„Годинава се усвои и стратегијата за формализирање на неформалната економија, како и акциски план, со конкретни активности, носители и рокови. Се работи и на ново законско решение инспекцискиот надзор, што, покрај сивата економија, беше нотирано исто како проблем од страна на бизнис-заедницата. Во тек се активности за измени на Законот за судовите, што треба да придонесе за подобрување на процесот на решавање на стопанските спорови“, стои во соопштението.
Значајни реформи се предвидени и во делот на образованието и социјалната заштита и инклузијата.
„Во делот на образованието, ќе се настојува да се зголемува практичната работа во образовниот систем, да се подобрат капацитетите на образовниот кадар и да се зголеми соработката помеѓу образовните институции и фирмите. Ќе продолжи со спроведување мерката гаранција за млади, која треба да им овозможи на младите побрзо вклучување на пазарот на труд по завршување на образованието. Во областа на социјална заштита и инклузија во тек е сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита. Целта на Владата е намалување на сиромаштијата на 16 отсро до 2021 година“, стои во соопштението на Министерството за финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

